Во интервју за Слободен печат премиерот Зоран Заев за прв пат ја отвора можноста за формирање Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата. Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема нека го тргнат и Заев само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас -премногу ни е поделен народот.
Како што истакна Филипче, ситуацијата се следи, моментно болничките капацитети не се загрозени и секаде има слободни кревети. Досега се одржани повеќе состаноци со Комисијата за заразни болести, анализата за трендот на КОВИД-бројките ќе заврши следната недела кога ќе биде соопштен и ставот по ова прашање.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во недела се очекува да пристигнат првите количини од вакцината Спутник Б. За почеток вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде наменера за 3000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.
Владата покажа одлучност за спречување неодговорно владеење и преку усвоениот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, кој, според него, даде резултати веднаш и овозможи санкционирање на неетичко однесување на неколку функционери, а воедно испрати порака до сите останати, дека неетичкото однесување нема да остане неказнето.
Од бескаматната кредитна линија со грант компонента „КОВИД 3”, која се реализира со финансиска поддршка од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со вчера, 5 март, се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик или 96,7 отсто од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.




