ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Помирувањето е морал, моралот не е помирување

March 7, 2021 18:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Можеби ќе успее да се спаси од ковидот, но во политичката савана што го чека меѓу Инфективната клиника, Собранието, Штабквартирата на Злото и Владата на Северна, го чекаат гладни лавови кои го имаат регистрирано како најслаб гну во вмронското стадо; свежо месо омекнато од антибиотици, со гарнир од антитела и мртви корони. Добра вечера. Во однос на таа драма, епизодата во болничкиот кревет ќе му се чини како романтична забава.

Неговата реакција на понудата за заедничка влада е непримерена дури и за стандардите на неговата политичка примитивност и рудиментарност, да не говориме за стандардите на неговата здравствена ситуација која во комбинација со заканите што му ги упатува на здравиот свет, прави од неговиот болнички статус бугарски театар на солзи и смеа. Тој не сака да ја победи болеста за да преживее, туку сака да преживее за да го победи Заев.

Хахаха!

Океј, има и нешто возвишено во неговото агонично дрдорење.

Признавам.

Дава гас, а можеби и газ, за тотална диференцијација, не само од власта, како некаква мафијашка структура во неговите проекции, туку и од луѓето кои за власта не мислат како што мисли тој. Бидејќи тие работи не можат да се одвојат, неговиот крик е болнички повик за граѓанска војна.

Ако скотот умира, зошто другите да останат живи!?

Истата химна што ја пее пет години, пуштена за три степени посилно, од еден џам во Инфективната клиника.

Мислам дека за сите ќе биде најдобро да умре, но Македонија никогаш немала среќа со своите спасители.

Имам впечаток дека е изолиран или дека се чувствува изолирано, не само поради ковидот. И дека и тоа чувство придонесува за зголемување на нивото на неговата неразумност. Да не речам лудост. Неговиот хендикеп со вирусот, се разбира, не е мал, но проблемот не е толку самиот вирус колку тоа што надвор се подготвува некаков терен за елиминација на неговата претполитичка доктрина на епскиот судир, преку позитивна политизација односно релативизација на разликите кои се неприродно напумпани со епика. Односно, терен за спас на Македонија од, помалку или повеќе, тивката имплозија на нефункционалноста и блокадата или, на отворената граѓанска војна, во која нема да може да има победници. Неговата битка против власта е битка против Македонија, не затоа што власта е Македонија, туку затоа што неговата битка е смртоносна. Објективно е смртоносна. Тој не може да го победи Заев, а да не ја победи Македонија. Во крајна линија и себе, затоа што во таков развој на настаните тој никогаш нема да стане премиер затоа што државата на која тргнал да станува премиер, во меѓувреме ќе исчезне.

Кикифрики ќе го пуштиме да го носи крстот.

Хахаха!

А, Владе, питата варена пченица.

Бидејќи во моите анализи вмро и Мицковски не се фикс туку е фикс Македонија, јас мислам дека Мицко ќе мора да го снема, а вмро ќе мора да се трансформира. Тоа не е толку тешка драма колку што е тешка пропаѓањето на Македонија.

Што е, сепак, исклучено.

Иницијативите на Заев и на Филипче се важни како благородни и добронамерни акти, независно од ризиците со кои ги товарат своите автори. Односно од шансите да бидат прифатени и спроведени. Тие се насочени кон крајно нужното олабавување на конфликтот, во интерес на сите, тие иницијативи, меѓу другото, имаат за цел луѓето да престанат да се занимаваат со коските што секојдневно им ги фрлаат од опозицијата, односно имаат за цел да се помести и облагороди општиот дискурс, општата дебата на луѓето за самите себе, не само за власта и не само за опозицијата.

Освен власта, колку што можам да забележам, кон таа интенција се приклучуваат и луѓето од одборот за вонреден конгрес на вмро-дпмне. Тодоров имаше  неколку впечатливи обраќања во кои можеше да се насети дека новото вмро би можело да тргне по патот на разумот, на нормалноста, на европскоста, на единството во Македонија, задржувајќи ја својата специфичност во центарот десно, работа за која јас се борам триесет години.

Дури и во соопштението на вмро-дпмне е поместена битна разлика со реакцијата на Мицковски. Тие ја прифаќаат иницијативата на Заев само имаат некои услови.

На фонот што се шири надвор од клиниката, Мицковски се форматира како безнадежно заробен ум, секое доближување на позициите за него се зона на крајната опасност за неговиот статус и затоа ја заострува реториката. Логично, би рекол човек, но со тоа тој се доближува до својот крај.

Без тие работи идејата за заедничка влада и за единство ќе се претвори и тоа експресно во единство во власта и смрт на општеството. И на државата, се разбира. Мислам дека таа опција е нереална.

Еве некои мои тези кои можат да бидат основа на помирувањето.

  1. Помирувањето отсекогаш било помирување во рамките на стандардите и добрата волја на победникот, затоа што победникот единствено има инструменти да го спроведе тоа помирување и да гарантира за него. Помирувањето на е кафеански договор на некакви лидери, туку моќ на институциите, моќ како таква, државна моќ, ако некој што сака да се помирува нема таква моќ, мора да се бори за неа, на сите можни начини, тој не смее да се однесува како проповедник на помирувањето, тоа е за верските лица, тој мора да се бори за политичкиот капацитет на својата идеја за помирување, не да бара помирување затоа што е немоќен, цум бајшпил, не така што ќе му ја препушти националната телевизија на противникот во името на добрата волја на помирувањето, туку така што ќе му ја земе и ќе го принуди да му се потчини на помирувањето така што ќе го натера да разбере дека тоа е најдобрата опција за него. Помирувањето е морал, моралот не е помирување.
  2. Правото и правдата мониторирани од Европа, значи ослободени од внатрешни субјективности и злоупотреби од голем маштаб, се основа на помирувањето. Се помируваме во правото како врвен и неутрален арбитар.
  3. Смена на Мицковски како елементарна непогода, како форма на непрекинат земјотрес со слаб, но вознемирувачки интензитет.
  4. Девмровизација на вмро-дпмне
  5. Европеизација на вмро-дпмне
  6. Ослободување од шизофреничните позиции на декларативна поддршка на евроатлантските интеграции и блокада на сите акти кои водат кон тие интеграции.
  7. Власта мора да ја продолжи сегашната агенда, да ја исчисти од корупциските компромати, од комприматите на нерешителноста, од преголемата толеранција во името на доктрината за едно општество за сите.
  8. Ослободување на Македонија од лагите за себе.
  9. Комплетна ревизија на историјата пред 41/44, односно ослободување на историјата од функциите што ги имала во конституирањето на македонската нација.
  10. Не единство, туку реална плурализација на македонското општество.
  11. Демократизација на политичкиот процес.
  12. Договор со Бугарија.
  13. Движење напред по секоја цена, не стоење во место по цена која ни се чини прифатлива. Нема таква цена.
  14. Ништо што е за чување не е вредно, ниту еден цент во однос на тоа што можеме да го освоиме, меѓу другото, затоа што и така и така не можеме да го задржиме ако се затвориме.
  15. Олабавете се.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk