ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Еврообврзницата со историски најниска каматa, позитивни коментари од упатените, според проф. Јовановиќ, земена е во вистинско време…

March 8, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 316 случаи на ковид 19, починати се 11 пациенти. Бројот на активни случаи во цела држава во моментов изнесува 8.863. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 107.479 случаи со ковид-19. Вкупниот број на починати е 3.206, а на излекувани 95.410.

Вакцинацијата со Спутник V најверојатно ќе почне со повозрасните лица. Термините ќе останат исти. Единствена разлика е во делот на растворањето на вакцината, ако во една дијала кај Фајзеровата вакцина се вадеа шест дози, овде една дијала е за еден човек. Значи замрзнат е раствор само за еден граѓанин којшто може да ја прими вакцината. Но, денеска ќе биде тој распоред од страна на тимот, рече Филипче.  

Дебата: Пандемијата покажа дека потенцијалот на жените за лидерство е неискористен во светот. Во социјалата и образованието, во најголем број се жени согласно традиционалната улога за грижа за болните, немоќните, и стереотипите во општеството. Меѓутоа, 74 отсто здравствени работници жени, буквално беа на фронтот за справување со Ковид-19…

Шекеринска: Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност. Пред аудиториумот во Битола свои обраќања имаа пратеничката во македонскиот парламент Бисера Костадиновска Стојчевска, која истакна дека го креваме гласот за жените кои од различни причини не успеале да го кренат својот глас.

Груби: Успешните жени на нашите заедници се пример за општеството. Гзиме Старова, Изета Бабачиќ, Аспазија Софијанова, Дрита Карахасан, Васка Мустафа Бајрамоска, Анета Пешева и Братислава Танасковиќ се успешни жени со својата професионалност во заедниците на кои припаѓаат, но сите заедно за целото наше општество, истакна Груби.
СДСМ: За очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски, човечките трагедии се само статистика. Од почетокот на кризата со коронавирусот, па се до денеска, ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски не стори ништо за да им помогне на здравствените работници. Напротив, од белиот дворец свесно ширеа лажни вести во обид да го поткопаат здравствениот систем…

Новата еврообврзница е со историски најниска камата, позитивни коментари на експертите. Владата ја издаде новата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра со каматната стапка од 1,625 отсто. Од нив 500 милиони евра веќе се одлеваат за отплата на еврообврзницата издадена во 2014-та година земена од тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за финансии Зоран Ставревски, пари воглавно потрошени за проектот „Скопје 2014“.

КФС: Финансискиот систем успешно им одговори на предизвиците од корона-кризата, регулаторите постојано ги следат состојбите. Имајќи предвид дека здравствената криза сѐ уште трае, регулаторите и натаму со особена внимателност ќе ги следат состојбите, приспособувајќи ги своите мерки и пристап заради превентивно делување за натамошно јакнење на финансиската стабилност, а со тоа и на отпорноста на системот на шокови.

Професор Јовановиќ: Еврообврзницата е земена во вистинско време, оваа камата што се доби е навистина добра. Оваа камата што се доби е навистина добра. Има едно непишано правило – ако каматната стапка на јавниот долг е пониска од стапката на раст на БДП тоа е добро, долгот ќе се намалува. Очекувањата се дека оваа година БДП ќе порасне за повеќе од 2%, што значи дека оваа камата од 1.6% нема да го зголеми јавниот дол, изјави професор Бранимир Јовановиќ.

И. Т. З. 

Next Post

(ВИДЕО) Царовска: Оваа година ѝм оддавам почит на храбрите девојки кои јавно проговорија и беа изложени на насилство во „Јавна соба“

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk