Заев : Расте извозот! Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020 кога во светот сѐ уште не беа на сила рестриктивните мерки за ублажување на последиците од КОВИД-19. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32,5 милијарди денари и бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година.
Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, напиша на неговиот ФБ профил Меџити, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна улога и вашата неприкосновена посветеност, што секогаш резултираше со ефикасност во работата на највисокото законодавно тело на РСМ и придонесе за дополнителни демократски вредности во домот на демократијата.
Родовата еднаквост претставува еднаква видливост, еднакво вреднување за вложениот труд на жените кога имаат исти професионални квалификации и капацитет со мажите за истите работни места. Законот за родова еднаквост треба да испорача еднакво учество на жените во сите сфери на општествениот живот и рамноправно учество во семејството, креираањето политики и особено родово одговорно буџетирање, нагласи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на 12-тото издание на „Вечери на женски права“ во организација на Институт за човекови права.
Учеството на образованието во државниот буџет да се зголеми од 3,5 отсто на 5 проценти, предлага претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. Во неговата денешна анализа објавена на интернет страницата на Комората, Азески нагласува дека и да не беше КОВИД-пандемијата, недостигот од стручен клучен ќе останеше најголемиот проблем на компаниите.
Преку апликацијата за самопопишување заклучно со 08.50 часот денеска се евидентирале вкупно 40.397 лица кои се во странство. Евидентирањето на иселениците преку апликацијата почна на 1 март и ќе трае до 21 април.Од Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера наведоа дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникција со македонските иселници. Проблемот со ненавременото добивање повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.
Горд сум на зголемениот процент на жените во управувачката структура на Министерството кое го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената, на неговиот ФБ профил.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Рим се сретнал со повеќе наши граѓани и со претставници на неколку здруженија на дијаспората. Како што објави на својот фејсбук профил, ги повикал на активна мобилизација, а добил и нивна поддршка за заеднички да ја пренесат информацијата до иселениците во странство колку е важен пописот.
Нашата намера е да партиципираме со 10 проценти во гасниот терминал Александрополис којшто е вреден околу 400 милиони евра, со 25 проценти во гасната централа којашто е веднаш до гасниот терминал со капацитет од 630 до 830 MW, вредна преку 400 милиони евра, објави Заев на фејсбук.
Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев на својот твитер профил напиша: ,,Општеството е силно колку што е силна жената во него и затоа избирам да предизвикам да создаваме услови жените да се таму каде што се носат одлуките.