Нема да има голема штета од воведувањето полициски час, бидејќи тоа нема да влијае на економијата, а се надевам дека ќе ја намали трансмисијата на вирусот, вели микробиологот проф. д-р Пановски за „Слободен печат“, коментирајќи ја препораката на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час кој би почнувал од 22.00 часот па се до 05.00 часот наутро.
„Ќе се спречи шетањето на помладите, а посебно средношколците и студентите ќе бидат ставени под контрола. Се надевам и дека ќе има ефект и на образованието, учениците можеби ќе си легнуваат порано за да станат навреме да се приклучат на настава“, вели Пановски.
Пановски вели дека уште во октомври ја предлагал оваа мерка, а верува дека таа е предложена токму со намера да се ограничи движењето на помладите.





