Македонските граѓани со бугарско државјансто почнаа да се пријавуваат за вакцинирање во Бугарија. Од македонско бугарското здружение за пријателство велат дека првите термини се закажани до крајот на месецов. Единствен услов е граѓаните на вакциналниот пункт да покажат дека поседуваат бугарски документи, посочуваат од Здружението за македонско – бугарско пријателство кои се во директен контакт со надлежните институции во Бугарија.
Процесот на регистрација е електронски. Заинтересираните можат да се пријават на порталот COVID-19 Регистрација за ваксинација, така што ќе ги пополнат графите за лични податоци, единствен матичен број и бројот на личната карта. На граничните премини потребен е негативен ПЦР тест.
Инаку, во Бугарија во оптек се вакцините на Астра Зенека, Фајзер/ БиоНтек и Модерна, но и интересот на бугарските граѓани за имунизација е најслаб во Европа.
Извор: Сител ТВ