ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Амира ал Тавил – поранешна принцеза, модна икона и активистка за правата на жените од Блискиот Исток

March 10, 2021 19:01
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Амира ал Тавил е поранешна принцеза од Саудиска Арабија и една од најинспиративните фигури од Блискиот Исток.

36-годишната хуманитарка е позната по нејзината егзотична убавина и стил, но уште повеќе по нејзиниот неуморен активизам за правата на жените.

Амира во моментов е во брак со емиратскиот милијардер Калифа бин Бути ал Мухаири, како негова втора сопруга. Рангирана е на четвртото место на листата на највлијателни жени во Блискиот Исток, а на Twitter ја следат повеќе од 1,5 милион корисници.

Претходно, убавата Арапка беше во брак со принцот на Саудиска Арабија, Алвалид бин Талал, кој се вбројува меѓу најбогатите луѓе на светот. Додека траел нивниот брак, Амира ја имала улогата на заменик-претседател на Al-Waleed bin Talal Foundation, добротворна и филантропска фондација посветена на општествениот развој, унапредување на правата на жените и овозможување брза помош на жртвите на природни катастрофи.

Како член на одборот на Silatech, организација која се занимава со вработувања и поттикнување на економската независност на младите луѓе на Блискиот Исток, Амира има блиска соработка со шеика Моза бин Насер.

Амира го запознала принцот на Саудиска Арабија, Алвалид бин Талал, кога имала само 18 години. Тој бил 28 години постар од неа и веќе разведен од две сопруги. Се венчале по неколку години, но бракот на кралскиот пар траел само 6 години.

Во интервју непосредно по разводот во 2013 година, принцот Алвалид изјавил: „Официјално се разделив од принцезата Амира ал Тавил, но таа останува личност за која имам огромна почит“. Поранешните сопружници сѐ уште соработуваат, а Принцот потполно го поддржува нејзиниот ангажман за културниот напредок на арапскиот свет и за подобрувањето на правата на жените. Принцезата Амира има високо образование од областа на бизнис администрацијата, а дипломата ја стекнала од универзитетот во Њу Хејвен. Оттогаш започнала нејзината кариера и хуманитарен активизам, за време на кои посетила над 70 различни држави. Таа е заслужна и за отворање на Центарот за исламски студии на Кембриџ, каде што од принцот Филип од Единбург примила медал за нејзината исклучителна филантропија. Добитничка е и на бројни други награди и признанија, а соработува со светски политичари, меѓу кои Хилари Клинтон и кралицата Ранија од Јордан.

Амира е долгогодишен гласноговорник за правата на жените и своите мислења често ги споделува на странските медиуми. Токму ваквиот нејзин активизам е една од причините кои довеле до распаѓање на бракот со принцот Алвалид. Тој морал да прифати да се разведе од Принцезата поради притисокот од страна на неговиот брат, принцот Калид, кој сметал дека јавните појавувања на Амира се неприфатливи. Осуден бил и нејзиниот ангажман за правото на жените од Саудиска Арабија да возат, нешто за кое тие се изборија дури во 2017 година. Нејзе ѝ било дозволено да вози додека престојува во Европа или Америка, но и во пустините во Саудиска Арабија, а тоа исто така го предизвикувало револтот на кралското семејство.

Во интервју за CNN, Принцезата објасни дека околу 57% од жените во Саудиска Арабија се образовани. „Ние, жените, сме многу образовани, но не сме организирани. Создаваме мрежа од првите жени-лидери во Саудиска Арабија. Има жени кои се лидери во различни области. Тие се сретнуваат, поставуваат приоритети и разговараат за тоа како да се справат со нив и како нивните залагања да стигнат до вистинските луѓе. Ова е чекор за кој мислам дека ќе донесе позитивни промени. Се започнува од граѓанските права. Досега, нема пишани граѓански права што се однесуваат на жените кои се граѓанки на Саудиска Арабија. Министерството за правда работи на случајот. Како и да е, правата не се даваат, туку се земаат. Останува на нас што сакаме да случи со нашите права“ – вели таа. Во неколку интервјуа за CNN, NBC и Times, принцезата Амира се изјасни против старателството над жените во Саудиска Арабија од страна на сопруг, брат, татко или кој било друг маж. Воедно, таа се бори и против забраните за самостојни одлуки, занимавање со спорт, самостојно патување, финансиска самостојност и индивидуално заработување. „Не верувам дека забраните ќе продолжат вечно да постојат. Верувам дека оваа е генерација на млади луѓе во Саудиска Арабија која ќе ги забрза промените во нашата земја“ – вели Принцезата. Амира стапи во брак со вториот сопруг, Калифа бин Бути, во септември 2018 година на церемонија во Париз, на која присуствуваше и Опра Винфри. Строго било забрането фотографирање на свеченоста. Парот му посака добредојде на овој свет на синчето Зајед во август минатата година.

Амира е и понатаму неуморна на планот на хуманитарните активности и културно-социјалниот ангажман. За време на своето патување на Малдивите, Принцезата беше прогласена за најубавата жена што некогаш ги посетила овие острови. За себе вели дека сака да ги надминува работите од кои се плаши. Интервјуто во врска со жените-возачи во Саудиска Арабија го завршува со зборовите: „Обидете се да бидете самостојни и направете го тоа на сопствен начин. Ќе ви се допадне“.

извор: http://www.femina.mk/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зеленски: Украина утре ќе биде домаќин на средбата на Коалицијата на подготвените

May 9, 2025

Руте: Никогаш не сме ветиле членство на Украина во НАТО во рамки на мировниот договор

May 9, 2025

Мерц: Од клучно значење е да ги зголемиме на трошоците за одбраната во НАТО

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk