ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе ја фатат ДКСК на кондиција…

March 11, 2021 10:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Начинот на кој Државната комисија за спречување на корупцијата полека се претвора во врвниот арбитер во државата за тоа дали некоја афера пласирана во јавноста има елементи на криминал или не, може да се покаже како ефикасен начин да се потроши кредибилитетот на едно независно тело чија општествена улога во сузбивањето на корупцијата е примарно превентивна, а не наменета за гонење криминал во начинот на кој се трошат јавните пари. Досегашниот углед на овој состав на ДКСК, до кој се дојде заради непартискиот начин на изборот на неговите членови, како и заради досегашната независност во нејзината работа – на чело со енергичната претседателка Биљана Ивановска – создава високи очекувања во јавноста дека Комисијата треба да ги замени сите други институции во државата за гонење криминал (пред сè Јавното обвинителство), иако таа не е ни законски ни кадровски ни технички ни буџетски „опремена“ и замислена да биде таа замена.

Со секоја објава на (потенцијална) афера – а неделното производство на скандали на нашава политичка сцена се одвива со дневно-политичко темпо со кое тешко се носат и „Нијагарините водопади“ по социјалните мрежи – Владата, опозицијата, невладините организации, медиумите и разно-разните „напатени“ поединци некако „по автоматизам“ ја повикуваат ДКСК „да го испита случајот“. Тоа, од една страна, е комплимент за работата на ДКСК, но и многу силен притисок за „развлекување“ на нејзините ограничени капацитети и овластувања во пресретнувањето на јавниот сентимент дека сè е сомнително и сè е корумпирано.

Во ДКСК има седум (7) избрани членови на Комисијата и уште дваесетина професионални стручни соработници во нејзиниот Секретаријат, со прилично „тесно“ дефиниран законски делокруг на работа – наспроти, да речеме, околу 350-400 обвинители во државава, со сите други истражни институционални капацитети кои стојат на располагање во десетина институции, со илјадници вработени во чиј опис е контрола и гонење на криминал, плус, практично, „безграничните“ законски овластувања што им стојат на располагање за во нивната работа да бидат ефикасни и ефектни „по допрен“ и по „недопрен“ глас.

Да, што е право, на државата одамна ѝ недостасуваат барем уште неколку стотици обвинители за да дојде до оптималниот капацитет предвиден во нивните систематизации, но истражувањата покажуваат дека и ефикасноста на постоечкиот обвинителски кадар е за половина помала од европскиот просек на обработени предмети. За статистиките секогаш може да се спори, потребите уште долги години ќе бидат поголеми од можностите, но една работа се чини неспорна: „политичката“ потреба за прогон на криминалот е многу поголема од решителноста со која тој прогон (не) се испорачува. Па, така, ако на ДКСК ѝ требаат ден-два за да објави дека зема одреден случај во „обработка“, на обвинителите им требаат месеци за да влезат во ПРЕДистражна постапка, за потоа истрагите да траат со месеци и години…

Кој е ефектот од тоа? Сите „се крстат“ во ДКСК, иако Комисијата, реално, не може да биде „соборната катедрала“ што може и треба да ги собере сите „верници“ кои бараат (или гонат) правда во општеството.

На пример – најсвежо – во интерес и на Владата и на нејзиниот прононсиран поранешен секретар г. Рашковски, а пред сè на јавноста, е што побрзо да се дознаат правните околности под кои е остварена набавката на некаков софтвер за МВР за изрекување казни во сообраќајот, за што деновиве се појавија сомневања. Зошто ДКСК треба да е адресата која побрзо ќе реагира од Обвинителството за испитување на тендерската постапка во овој случај? Во што е проблемот „надлежниот обвинител“ во оваа релативно едноставна материја за пет-шест дена да ги собере документите, да поразговара со неколкумина учесници во постапката и веќе идната недела да ја информира јавноста дали има или нема основи за отворање истрага?

Наместо сите да чекаат од ДКСК да ги расчистува сомневањата и, потоа, ако има потреба, пак да го иницира случајот пред истото тоа обвинителство…

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Десет години од нуклеарната катастрофа во Фукушима

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk