ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Правдата доаѓа: За три години над 350 години затвор за предметите на СЈО и за 27 април, Силвестри: Билатералните прашања не треба да го условуваат процесот на проширување на ЕУ

March 11, 2021 21:03
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Независен весник“ објавува анализа со преглед на сите пресуди по предметите на СЈО и на оние за настаните во парламентот од 27 април, според која од 2017 година, кога започнаа првите судења покренати од СЈО па досега изречени се пресуди од над 350 години ефективен затвор во високопрофилни случаи, иако некои од нив треба да ги потврди Апелацискиот суд.

Во Собранието денеска се одржаа три седници. Заврши општиот претрес за Предлог-законот за задолжување на Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, под договор за заем на финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од таа должност, а на негово место дојде Арбер Адеми.

За време на холокаустот, нацистите го развиле најефикасниот начин за да уништат цел еден народ. И речиси успеале во таа монструозна намера. Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Сите биле систематски деперсонализирани, дехуманизирани и уништени, истакна претседателот Стево Пендаровски на комеморативниот настан организиран од Италијанската амбасада во земјава, а во соработка со Еврејската заедница во Северна Македонија, во рамки на одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи.

Билатералните прашања не треба да го условуваат процесот на проширување на ЕУ, вели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри.

Од денес (11 март), во кината Синеплекс почнуваат проекциите на македонскиот долгометражен игран филм „Ефектот на среќа“. По отворањето на фестивалот Синедејс и учествата на интернационалните филмски фестивали PriFest и SEE Online, каде ја освои наградата за најдобар филм, „Ефектот на среќа“ ќе може да го види и домашната публика.

Претседателот Стево Пендаровски за утре во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Next Post

Д-р Пановски: Би вовел да се носат само хируршки маски од типот N-95, не платнени

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk