Елизабет Харли, според многумина – една од најубавите британски глумици, била одбиена за улога во светски познатата хумористична серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses). Причината било тоа што Харли била „премногу убава“.
Оваа година навршуваат 40 години од првото прикажување на првата епизода од „Сплетки“ (1981-2003). По тој повод, љубителите се потсетуваат и на некои тривијалности околу серијата. Писателот Грејм Меккан во сорабоотка со еден од авторите на приказната, Тони Дау, неодамна објави книга во која вели дека пред околу 22 години, улогата на Касандра, девојката и подоцна – сопруга на Родни Тротер, за малку ќе ја добиела тогаш 23-годишната Харлi