ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Полковник Ковачки казнет шест месеци со по 30 проценти од плата поради закана кон началникот на ГШ генерал-потполковник Ѓурчиновски

March 12, 2021 19:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По иницијатива на началникот на Генералштабот, преку командантот на Командата за операции, Главната военодисциплинска комисија расправаше за утврдување на дисциплинска одговорност на полковник Драган Ковачки по три основи: испратена порака преку Вибер до началникот на Генералштабот во која се изнесуваат закани, клевети и обвинувања, политички пост на Фејсбук профилот на полковникот Ковачки во кој се изнесуваат неосновани обвинувања за врховниот командант на Армијата, претседателот Пендаровски и јавните настапи на полковникот Ковачки при што тој не ги почитува насоките од Правилото за односи со јавноста на Армијата, усвоено во 2016 година.

Главната воено дисциплинска комисија ја заврши постапката за утврдување одговорност и до министерката Шекеринска упати предлог за изрекување на дисциплинска мерка. По спроведената постапка Главната воено дисциплинска комисија утврдила  вина на полковникот Драган Ковачки за сторени повредни по членот 131 став 2 точка 13, 17, 22, 28 и 31 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Еден од основите за кој е утврдена вина е и точката 13 од наведениот член и став, „повреда на достоинството и авторитетот на претпоставен и постар“, бидејќи упатена е закана од полковникот Драган Ковачки кон началникот на Генералштабот, која гласи – „долга е раката на ВМРО’.

Меѓу останатите основи по кој е утврдена вина се и „непочитување на редот и дисциплината пропишани со правилата за ред и дисциплина “, „постапка со која секогаш и на секое место, без оглед дали се во униформа или не, воениот и цивилниот персонал не води сметка за своите постапки, непримерно се однесува, не ја репрезентира Армијата и не го чува угледот и достоинството на Армијата“, како и „постапување спротивно на правилата и прописите за вршење воена служба и овој закон“.

Главната военодисциплинска комисија предложи најстрога дисциплинска мерка – губење чин, која предвидува престанок на работниот однос. Министерката Шекеринска, водејќи се по начелото на сразмерност на казната со вината, ја оцени оваа мерка за престрога. Со оглед утврдената вина од Воено дисциплинската комисија за однесувањето на полковникот Ковачки, началникот на Генералштабот како надлежен старешина ја донесе и спроведе следната пониска дисциплинска мерка, а тоа е  парична казна во висина од 30% од едномесечниот износ на платата исплатена во последниот месец, во траење од шест месеци.

Со тоа МО и ГШ  покажаа дека целосно ги почитуваат сите законски одредби, но во исто време дека истото го очекуваат и од страна на армиските старешини за кои законите мора подеднакво да важат и кои мора да понесат одговорност кога истите ги прекршуваат.

извор: МИА

Next Post

Во светот досега вакцинирани 335,3 милиони луѓе

НАЈНОВО

Јапонија се соочува со најсмртоносни напади од мечки од 2006 година

November 7, 2025

Париз со лотарија за вечно почивалиште во историски гробови

November 7, 2025

Касами го доби уверението за втор мандат, од изборните ветување тврди дека прво ќе биде реализиран бесплатен автобуски јавен превоз

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk