ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Шекеринска – ова треба да е последна опомена до Ковачки, Министерството за здравство ги демантира ВМРО-ДПМНЕ, Груби ги испочитува „Тигрите“

March 13, 2021 20:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Шекеринска вели дека Ковачки има проблем да разбере и да реши дали ќе ја носи партиската униформа со која што дава закани или ќе продолжи да ја носи војничката униформа. Ова треба да биде последна опомена, а на политиката не и е место во армијата.

Министерството за здравство категорично ги демантира и осудува пласирањата на лажните документи кои опозицијата и медиуми блиски до нив ги прикажуваат дека се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид 19.

Агенцијата за млади и спорт спроти утрешното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија, го повтори попладнево ставот дека истото е незаконско и нема да ги признание одлуките што ќе бидат донесени.

Вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, функционер на ДУИ, ќе остане запишан како првиот висок политички преставник на албанската заедница кој оддал почит на годишнина на полициска единица. Тој се појави на прославата по повод 40 години од постоењето на елитната полициска единица „Тигар“.

ФРОНТ: „Сваровски судството“ на Мијалков и судиите од тефтерчето на Јанкулоска во слободен пад. Коментар од Јане Ѓорѓиоски.

Наумов вели дека е многу значајно новинарот навремено да го предупреди, ако треба, и прекине учесникот во емисијата доколку употреби говор на омраза и да биде доволно едуциран и информиран за да препознае дезинформација и на тоа укаже.

Нови 1031 случај на Ковид-19 од направени 4.373 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, речиси половина се во Скопје – 492. Починати се 20 пациенти на возраст од 50 до 93 години.

Деновиве од печат излезе „Меѓународно право за правата на човекот“ во авторство на Љубомир Данаилов Фрчкоски.

Премиерот Заев нагласува дека повеќе нема да бидеме краен корисник на природен гас од само еден извор, туку Северна Македонија ќе биде важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа преку новите гасоводни интерконекции со нашите соседи.

Бугарија покажува груба сила кон Македонија и има двојни стандарди во однесувањето кон Скопје и кон другите земји во регионот, оценува аналитичарот Жарко Трајаноски.

Премиерот Заев им го честита јубилејот 40 години постоење: Специјалната антитерористичка единица „Тигри“ е синоним за професионалност и обученост според највисоки стандарди.

Ј. Ѓ.

Next Post
Васил Стерјовски Фото: МИА

Стерјовски и официјално кандидат за пратеник на изборите во Албанија, побара безрезервна поддршка за да продолжи да биде глас на Македонците

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk