ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајаноски: Ветото на Бугарија е груба демонстрација на сила која не може да биде покажана ниту кон Србија, ниту кон Грција

March 13, 2021 13:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија покажува груба сила кон Македонија и има двојни стандарди во однесувањето кон Скопје и кон другите земји во регионот, оценува аналитичарот Жарко Трајаноски за „Слободен печат“. Според него, ветото на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ нема никаква врска со историјата, како што нема врска ниту со европските вредности.

– Историјата на Балканот е преоптоварена со противречни национални митови и бесмислено е да се бара само од Македонија да ги ревидира своите митови. Особено е бесмислено што тоа го бара Бугарија, земја чија историска митологија се потпира на никогаш остварениот Сан-стефански мировен договор и чии учебници се преполни со фалсификати и митови, исто како и македонските. „Историското вето“ на Бугарија е груба демонстрација на сила која не може да биде покажана ниту кон Србија, ниту кон Грција, а со кои Бугарија има вековни историски спорови, кои воопшто не се ни отвораат – вели Трајаноски за „Слободен печат“.

Во една неодамнешна колумна тој постави интересно прашање – што би било ако сите учесници во Руско-турската војна и на Берлинскиот конгрес побараат од Бугарија да ги промени учебниците по историја, забележувајќи дека „историјата на Бугарија е далеку од совршена, а  обидите за наметнување на бугарските историски митови од позиција на моќ како членка на ЕУ се симптом на културен расизам.“

Деновиве слична оценка беше изнесена и на една бугарска национална телевизија – дека Софија со различни аршини ги мери учебниците по историја во соседството, при што за содржините во македонските учебници обвинува дека се фалсификати и кражба на историјата, а за слични содржини во Грција со години молчи.

 

Next Post

Преку новите гасоводни интерконекции ќе бидеме важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа, нагласува Заев

Shortcut

Најново

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk