„Треба да се одржи пописот, да видиме кои сме и што сме“, „Нема да доаѓаат по 100 попишувачи, ќе дојде еден или двајца“, „Попишувачите се добредојдени, мора да се одржи пописот, да знаеме што имаме во државата“…
Ова се само дел од пораките и ставовите на бројните граѓанки и граѓани со кои Цивил е во директна комуникација во текот на изминатите недели, објавува организацијата вечерва и најавува низа други настани и прилози веќе од почетокот на претстојната недела.
Во вечерниот прилог на Цивил се поместени поголем број видео линкови со голем број изјави и пораки.