ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 1040 пациенти со Ковид-19

March 15, 2021 13:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1040 пациенти со Ковид-19 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 31 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 604 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид – центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 23 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните клиники се лекуваат 199 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести има 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На ГАК има четири хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 60 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 75 пациенти, во Прилеп 96, во ковид –  центарот во Гостивар 28, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани седум, во Кичево седум, Кавадарци 64, а во Гевгелија 15 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Бектеши: Министерството за економија со 2 милиони денари финасиски ќе ги поддржи здруженија на потрошувачи за мерки за заштита на потрошувачките права

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk