ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 500 нови случаи на Ковид-19, полицискиот час и препораките не се почитуваат

March 15, 2021 07:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
По порастот од над илјада новозаболени од Ковид-19, вчера Министерството за здравство регистрираше 541 нов случај на корона вирусот од направени 2.789 тестирања. Повеќе од половина од новодијагностицираните случаи се во Скопје. Починаа 19 лица на возраст од 55 до 89 години.

Во земјава е воведен полициски час и е забрането движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро, но сепак, голем е бројот на оние кои го прекршуваат. Според Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие 32 лица не ја почитувале забраната за движење, а 564 лица не носеле заштитни маски, иако тоа е една од препораките за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
За време на викендот затворени се и пет правни субјекти и два угостителски објекти каде била затечена состојба спротивно од Законот за заштита на населението од заразни болести.
– Во изминатите две деноноќија затворени се пет правни субјекти, три во Скопје, од кои една игротека во која беше затечена роденденска прослава и два угостителски објекти каде беше затечена состојба спротивно од Законот за заштита на населението од заразни болести. Во истите беа затекнати голем број на гости кои не седеа по четворица на маса, послужување на пијалаци на шанк, играње и групирање спротивно на Одлуката, изјави за МИА Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат.

Затворен е и еден објект во Тетово каде со асистенција со припадници на МВР била прекината свадбена прослава на која биле затекнати 50 гости. Во уште два нерегистрирани објекти во Скопје е утврдено прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за вршење на нерегистрирана дејност.

– Во едниот од нив е затечена музика со бенд, а кај другиот зголемен број на гости. Кај сите субјекти е постапено на начин што истите се затворени привремено и издадени се прекршочни платни налози. Постапките се во тек, изјави Котели.

Дел од затворените објекти се и стриптиз бар во селото Крушопек, угостителски објект  во ТЦ „Мавровка“ и локалите „Интермецо“ и „Три кичен“.

Зголемениот број на нови случаи од Ковид-19 го зголеми и бројот на пациенти со компликации кои се хоспитализираат. Така, во изминатите 24 часа во Скопје беа хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно 428 сомнителни и потврдени лица се лекуваат на инфективните оддели. На ниво на држава, вкупната бројка на хоспитализирани е 1015 лица. Има околу 350 слободни кревети.

– Во текот на денот се прават исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, наведува Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата изнесува 112.646. Бројката на оздравени е 97.687, на починати 3.319, а на активни случаи 11.640. Досега се направени 566.183 тестирања. / MИА/.

Next Post
Фото: МИА

Над 50.000 луѓе попишани преку електронската апликација, Османи на прес ќе информира за попишувањето на дијаспората

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk