ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одобрени нови 337 барања од 27,9 милиони евра од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

March 15, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, соопшти Развојната банка на Република Северна Македонија.

Од кредитната линија, за која се предвидени средства до 31 милион евра, досега вкупно се одобрени 2459 кредитни барања, на вкупен износ од 27,9 милиони евра, кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември 2020 година.

Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 1307 кредитни барања се од мали компании, 945 од микро компании, 157 кредитни барања од трговци-поединци и 50 кредитни барања се од занаетчии.

Како што наведуваат во соопштението, најголем дел од одобрените 2459 кредитни барања, доаѓаат од скопскиот регион и тоа 31 отсто, а по него следат полошкиот регион со 15 отсто, па југозападниот и југоисточниот регион со по 12 отсто. Следни се источниот и пелагонискиот регион со десет отсто од одобрените кредитни барања, додека од вардарскиот и североисточниот регион доаѓаат пет отсто од одобрените кредитни барања.

Од Разввојната банка наведуваат дека кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него.

Одобрувањето на кредитните барања се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија. 

извор: МИА

Next Post

Текстилците најавуваат до 20 отсто отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk