“Слушам некои зборуваат за “претерана демократија” и за нужност од “цврста рака”. Не, народе мој! Не, мои социјалдемократи! Демократија – никогаш доволно! Цврста рака е симбол на режим, а слобода на говор и почитување мислења е симбол на демократијата. Што сакаме, режим или слобода? Нашата татковина, еднаш беше, но никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас. Одиме напред во секој можен поглед и враќање назад нема. Тоа е нашиот замаец, постојано подобрување и демократизирање. Јас сум и секогаш ќе бидам ЗА повеќе и ЗА подобра демократија!” – Изјави премиерот Зоран Заев во своето обраќање на прес конференцијата на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.