ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев в недела ќе побара поддршка и довербата од членството на СДСМ за нов лидерски мандат

March 16, 2021 17:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Заев в недела на 21 март ќе ја бара довербата и поддршката од членството на СДСМ, како кандидат за претседател, за нов мандат за лидер на партијата. Првпат во македонскиот плуразлизам, како што нагласи тој во денешното обраќање, на директни непосредни внатрепартиски избори, овој врвен чин на внатрепартиската демократија ќе го направи токму СДСМ.

Како претседател на СДСМ, Заев најави нова програма и нова политика, пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и на Северна Македонија, а доколку ја добие довербата најави и, како што рече, досега најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.

– Ова е нова политика на СДСМ за новото време. СДСМ повторно ќе биде прв во промените и повторно ќе биде носител на нова политика со која секој од нас, почнувајќи од мене, ќе даде и повеќе и подобро за граѓаните, за татковината, за иднината на нашите деца. Дали е можно ново после новото – Да, подготвени сме и ние тоа ќе го покажеме, рече Заев.

Прво, појасни, новата политика значи реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ. Некои многу сработуваат и водат напред, истакна, некои можат многу повеќе, но некои потфрлија.

–  Единствениот долг што го прифаќам, е долгот кон граѓаните за ефикасна и за доследна испорака на ветеното, и тука е точката на која се темели новиот начин на работа. Тоа не значи откажување од некого, туку одговорност пред граѓаните и секој пред самиот себе. Никој повеќе во СДСМ нема да се кандидара за функција, само за да биде функционер, туку да биде служител на граѓаните. СДСМ постои за граѓаните, ние им служиме на граѓаните, дециден беше Заев.

Најави дека новата политика значи и ангажирање на сите можни капацитети во броба против корупцијата и криминалот. Пораката дека законите важат за сите, посочи, ќе останеше празна флоскула ако не обезбедевме услови, амбиент и механизам за правосудството да почне да работи независно и професионално. Има уште многу работа, истакна Заев, но народот веќе сведочи дека нема веќе недопирливи.

– Времето на неказнивост заврши, на ред е правдата. Истото важи и за сите нас од СДСМ Членската книшка од партијата не значи привилегија, туку уште поголема одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата носи подобар економски стандард, подобро здравство, образование, подобри институции, но и побрз пат кон ЕУ. Затоа СДСМ и кадрите на СДСМ ќе бидат првите, кои во секоја од институциите ќе водат напред во спроведувањето  на антикорупциоските мерки и во промоцијата на заштитните механизми кои спречуваат злоупотреби. СДСМ е на иста страна со граѓаните и со Владата, СДСМ е на страната против корупцијата, рече Зоран Заев.

Трето, потенцира Заев, нова политика значи охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови. Наведе дека отсекогаш силно верувал во можностите и моќта на демократијата. Максимата – разноликоста на мислењата во СДСМ е богатството на внатрепартиската демекоратија, подвлече, веќе се спровеудва во дело, СДСМ е партија во која владее исклучително ниво на деморкатија.

– Промовираме и почитуваме различни мислења за дополнително да ја зајакнеме деморкатијата кај себе, но и да поттикнеме истото да го направат и другите политички субјекти. Слушам некои зборуваат за претерана деморкатија и за нужноста од цврста рака. Не народе мој, не мои социјалдемократи, демократија никогаш доволно, цврста рака е симбол на режим, а слободата на говорот и почитување мислење е симбол на демократијата. Што сакаме режим или слобода. Нашата татковина еднаш беше но никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас. Одиме напред во секој можен поглед и враќање веќе нема, порача Зоран Заев во денешното обраќање.

– Тој истакна дека е и за национален консензус за главните прашања, против поделби, за заедништво. Затоа смета, дека за најважните прашања треба да застанат заедно со опозицијата, да нема разлики повеќе и несогласувања дали сме за напред или, како што рече, за назад, сите да бидеме за напред, едни локомотива, други вагоните, но сите напред. Смета дека на СДСМ му личи и ќе продолжи да биде локомотива.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Откриено големо наоѓалиште на нафта и гас во близина на балтичкиот брег на Полска

July 22, 2025
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи за Чаир, Бајрам Реџепи за Тетово, ДУИ соопшти дел од кандидатите за градоначалници

July 22, 2025

Милошоски за заедничката резолуција со Бугарија вели била разумна и аргументирана, но има скептицизам дека Софија нема да прифати

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk