ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милошоски за заедничката резолуција со Бугарија вели била разумна и аргументирана, но има скептицизам дека Софија нема да прифати

July 22, 2025 08:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во гостување во Дневникот на Сител телевизија посочи дека Владата има основана доза на скептицизам во врска со прифаќањето на предлогот за заедничка резолуција помеѓу Македонија и Република Бугарија во Европскиот парламент. Скептицизмот, вели Милошоски, се темели на изјави дадени од страна на официјални лица на Бугарија, за кои рече звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик.

– Имаме основана доза на скептицизам, бидејќи изјавите на повеќе официјални лица на соседна Бугарија звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик. За жал, во 21-от век не би требало нормалниот човек тоа да го очекува, но се уште има рецидиви од минатото. Нам не ни треба нечија потврда за постоењето, нам ни треба само потврда за вистинските и искрени или скриени намери на соседа Бугарија, рече Милошоски.

Вели кога би биле во позиција на некоја од скандинавските земји, каде што нема негирање на самобитноста на еден народ и јазик, ние не би имале потреба од заедничка резолуција.

– Но, кога гледаме дека Бугарија дипломатски и политички атакува на самобитноста на македонскиот народ и посебноста на македонскиот јазик ваквите иницијативи можат да бидат корисни. Има скептицизам дали ќе биде прифатено или не, доколку биде прифатено би било позитивно за Македонија, а доколку биде одбиено тогаш барем ќе знаеме на што сме, дали имаат искрени и чесни намери или задни намери. Наша обврска е да понудиме нешто разумно и аргументирано, нешто што ќе значи взаемна почит на македонскиот народ кон бугарскиот и обратно. Дали ќе биде прифатено или не, да почекаме во следниот период, рече Милошоски.

Според него, состојбата во која сега се наоѓа Македонија е резултат на потпишувањето на како што рече контроверзни анекси на Договорот за добрососедство со Бугарија.

– Затоа прифаќаме критика и од академската фела, прифаќаме сугестии и од јавноста. Но, во секој случај, се обидуваме да поправиме одредени штетни последици, коишто настанаа како резултат на ваквите лесни потписи во име на државата, а коишто сега ги трпиме како штета на идентитетот и самобитноста на македонскиот народ и нашиот јазик, вели Милошоски.

Tags: бугаријаЕПМилошоскирезолуција
Next Post
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи за Чаир, Бајрам Реџепи за Тетово, ДУИ соопшти дел од кандидатите за градоначалници

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk