ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Една година ЕДУИНО – платформата која преку дигиталните содржини придонесе за континуирано и квалитетно образование во време на пандемија

March 17, 2021 13:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЕДУИНО платформата преку дигиталните содржини придонесе за континуирано и квалитетно образование во време на пандемија. Ова беше заклучено на денешната онлајн дискусија одржана по повод една година од формирање на ЕДУИНО наставата. Министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека квалитетот на образованието е голем предзивик за сите држави особено во услови на пандемија. Според министерката нашата држава успешно се соочила со сите предизвици, а преку ЕДУИНО платформата се овозможило континуирано стекнување со знаења.

-За да може да постигнеме дсвонасочна комуникација помеѓу наставниците и учениците што е најзначајно и за менталното здравје, но исто така за одржување на континуитетот на стекнување со знаење кај учениците и во време на пандемија, за да ова биде можно мора да се заблагодарам и на Британската Влада и на UNICEF кои во изминатиот период пружија поддршка за нашата држава, истакна Царовска.

Таа напомена дека ЕДУИНО платформата првенствено била наменета за обука и поддршка на наставниците и воспитувачите, а сега прераснала во една платформа која што навистина е ресурс од трајна вредност за нашето македонско образование, затоа што на волонтерски принцип сите наставници се вклучиле.

Додаде дека националниот сервис, Македонска радио телевизија обезбедила сите снимени лекции по даден распоред да одат на посебен канал на телевизијата на македонски и албански јазик, а со тоа учениците кои штои немаат ИТ уреди и не можат да се вклучат во двонасочната комуникација на електронски начин може да следат настава од таму, а понатаму со наставни ливчиња и со поддршка од наставниците да го комплетираат своето учење.

Царовска информира дека оваа алатка за пренос на лекции исто така, во изминатиот период служела за подготовка и презентирање на вебинари за наставниците, за нивно зајакнување дообучување, но и за нивно консултирање. Како и дека следно согласно новиот закон за учебници кој што е презентиран, системот на електронско одобрување на материјали или е-учебници, да оди преку ЕДУИНО со што според неа ќе се овозможи транспарентно и независно оценување.

-Можеме да видиме дека во изминатиот период големи реакции има за квалитетот на учебниците, за начинот на кој што се претставени материјалите и тоа не само од родителите и учениците, туку и од самите наставниците, тоа го слушаме, и токму затоа на системски начин со поставување на филтри создаваме еден современ начин на одобрување и подготвување на учебници во нашата држава, сето ова останува како траен ресусрс за државата, траен ресурс за образовнието, ова е процес кој што никогаш не смее да застане и ЕДУИНО треба да продолжиме да го градиме, заклучи Минситерката.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, пак, истакнаа дека раното детство е клучно за развојот на децата, нивното ментално здравје, нивната благосостојба како и вештините  кои претставуваат основа за успех во учењето.

-Ранот детски развој е еден од најголемите приоритети на Владата и особено Министерството за труд и социјална политика која интензивно работи на реформите во делот на детската заштита со цел на детето да му обезбедиме подобри услови за негов раст и развој. Пандемијата не соочи со нови предизвици за создавање на иновативни и креативни алатки за обезбедување на квалитетно воспитување и образување на децата. Платформата создаде простор каде и воспитувачите и родителите може да ги користат своите креатиивни идеи да создаваат образовни програми и да креираат игри кои може да се користат како во занимална така и дома, и целта е постигната, обезбедена е квалитетна едукација и анимација на децата, изјави Шахпаска.

Соопшти дека во следниот период ќе се спроведе обука за учење базирана на игра за 180 наставници како и целосна анализа на состојбите на системот за образование на воспитувачи, нов концепт за реформа на сегашниот систем и нацрт развојна програма на обука за наставниците со предлагање на измени во наставните програми, меѓутоа и предложени модули за образование засновани на потребни стручни компетенции на наставниците изработени во соработка со педагошкиот систем.

Александар Лазовски-проект менаџерот на ЕДУИНО појасни дека обуката ќе биде извршена со помош на новата платформа која ќе биде наменета за деца од 3 до 10 годишна возраст, и ќе има за цел да ги поттикне социоемоционалните вештини и знаења преку креативни игри.

– Исто така ќе се изврши измена на формулата за финансирање на системот за воспитување и згрижување со што ќе се промени износот кој што го плаќат родителите, целта е најсиромашните семејства и самохраните родители да плаќаат помалку, односно да бидат изземени од плаќање, до крајот на проектот се планира да бидат креирени дополнителни 7.500 места во градинките, ќе се посвети внимание на ранливите категории на деца, односно децата кои што се социјален ризик кои потекнуваат од малцинства деца со посеби потреби и други ранливи категории, информира Шахпаска.

Според директорот на Бирото за развој на образование Зеќири Хасипи изминатата година се соочиле со голем предзивик, особено поради немањето доволно ресурси и искуство.

-Во време на светска пандемија без доволно искуство и речиси без ресурси Бирото за развој на образованието мораше да изнајде начин и да овозможи учениците во нашата држава непречно да ја следат наставата и да ја завршат учебната година, во такви услови со подршка од UNICEF и ентузијазмот на младите од СмартАП го смисливме порталот ЕДУИНО, за дигитални содржини, фокусот беше создавање и креирање на ресурси и алатки кои ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на наставата и учењето со дигитализација, нагласи Хасипи.

На дискусијата учествуваше и Амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, која рече дека со задоволство ќе продолжат да ги поддржуваат сите потези на државава за инвестирање во образованието бидејќи на тој начин преку развивање на вештини и мотивација кај децата се вложува во подобра иднина за земјата.

Лазовски заклучи дека добрите учители се двигатели на нашите животи, како и дека преку резултатите и успесите може јасно да се увиди моќта која ја има креирањето на новите ресурси и материјали.

На официјалниот Јутјуб канал на ЕДУИНО досега се поставени 3.759 видео лекции, од нив 3.303 се наменети за основно образование, додека 456 се за средно образование.

Во изработката на содржината биле вклучени над 15.000 воспитувачи, наставници, родители и образовни експерти како и над 70 советици.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

June 14, 2025

Можно е да биле уништени важни докази за пожарот во Кочани, велат од СДСМ

June 14, 2025
Генерирано со ВИ

Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот за нуклеарната програма

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk