Зухаир Мурад со фотосесија и краток филм снимени во Бејрут ја претстави својата најнова колекција.
Насловена „The Glowing Beats“, колекцијата црпи инспирација од безвременскиот гламур на 40-тите години и од сликите на рускиот уметник Василиј Кандински, а ги слави модерните жени кои се гордеат со нивната независност.
За новите дела на Мурад, од неговата модна куќа велат: „Тој ги оживува сликите на Кандински за да разоткрие волшебна ready-to-wear колекција за есен 2021, која божествено ја портретира суштината на апстрактната уметност.“
извор: црнобело.ком