ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е време за попуштање на мерките, дури ќе има и нови ако сегашните не дадат резултат, порачаа Филипче и Караџовски

March 17, 2021 14:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сега не е време за никакво попуштање на рестрикциите. Напротив, би имало дури и затегање на мерките некаде на почеток на следна недела, доколку ова не ги даде очекуваните резултати. Ова денеска на прес-конференција го порачаа министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во однос на сегашните и евентуално дополнителни рестриктивни мерки.

Тие нагласија дека сме во ситуација кога очекуваме сегашните рестриктивни дополнителни мерки, односно рестрикцијата на движење по 22 часот, да даде уште дополнителни позитивни резултати во контрола на епидемијата и тоа да се случи на крајот на оваа или почеток на следната недела. Состојбата се следи на дневно ниво, и се прави проценка во делот на инциденца, преваленца, хоспитализации и бројот на починати, на болнички кревети и на медицински кадар, како и се она што се случува во епидемиолошка смисла на зборот.

Во однос на тоа дали има анализа што покажува дали полицискиот час од 22 до 5 ќе даде резултати за толку брзо време, со оглед дека сме во фаза на нов силен бран на коронавирусот што многу брзо се шири, Филипче рече дека анализите покажале оти младите луѓе што се групираат по 22 часот се главни пренесувачи на вирусот.

– Во делот на тоа како очекуваме да влијае полицискиот час, епидемиолошките анкети и анализи покажаа дека е многу веројатно оти младите луѓе кои остануваат и се групираат без почитување и по затворање на угостителските објекти се пренесувачи на вирусот и тоа се гледа и преку возрасните групи. Тоа што го детектиравме за време на претходниот бран беше дека по воведувањето одредени мерки во период од две недели беа видливи резултатите, тоа го очекуваме и сега. Ние сега сме во петтата недела и ако претходниот бран траеше шест до осум недели, тоа значи дека сме ја поминале половината и во таа смисла ги очекуваме резултатите на крајот на оваа и почетокот на следната недела, оцени министерот.

Во однос на барањето на музичарите од Прилеп дека доколку и за нив не се направат протоколи за работа како што работат рестораните и кафулињата, дека ќе го блокираат Плетвар, Филипче одговори дека треба сите да имаат разбирање за ситуацијата и оти не е време за попуштање на мерките.

– Ова менаџирање на кризата подразбира сите да имаат разбирање и апсолутно ги сфаќам дел од граѓаните или групите на кои овие рестрикции им оставија лоша трага во нивното работење, но во исто време морам да потенцирам дека сега дефинитивно не е време за никакво попуштање на рестрикциите. Искрено се надевам дека ќе го разберат ова, зошто беше донесена таа рестрикција во делот на настаните со музика уште на почетокот на кризата, затоа што тоа беше едно од местата, а беше детектирано дури и во епидемиолошките анкети, дека со музика, со зголемување на концентрацијата на луѓе на помал простор, трансмисијата на вирусот е поголема. Сега ние сме во ситуација кога очекуваме сегашните рестриктивни дополнителни мерки, тоа е рестрикцијата на движење по 22 часот, да даде уште дополнителни позитивни резултати во смисла на контрола на епидемијата, и тоа да се случи на крајот на оваа недела или почеток на следната, рече тој.

Филипче повтори оти воопшто не ни размислуваат да има некакво попуштање на мерките, напротив, би имало дури и нивно затегање некаде на почеток на следна недела, доколку ова не ги даде очекуваните резултати.

– Секаде во државата, некаде повеќе, некаде помалку, има зголемување на инциденцата и трансимисјата на вирусот – две работи сметаме дека се причина за ова. Прво, непочитување на мерките и второ соевите на вирус коишто се полесно преносливи, додаде министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе одат во 14-дневен карантин владините функционери Драги Рашковски, кој е на годишен одмор во Мексико, и Љупчо Николовски, кој отпатувал во Дубаи, Филипче рече дека не би коментирал индивидуални одлуки, истакнувајќи дека карантинот е задолжителен за оние кои ќе допатуваат од која било африканска земја.

– Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји од африканскиот контитент. Причина за тоа е евентуална трансмисија и внесување во земјава на т.н. јужноафриканска варијанта на вирусот, која се карактеризира по тоа што многу побрзо се пренесува и по тоа што се уште не се знае ефектот на вакцините врз овој сој на вирусот. Во однос на другиот дел од прашањето, не би сакал да коментирам индивидуални одлуки, рече Филипче. 

извор: МИА

Next Post

Бектеши на панел дискусија “Нееднаквост во време на корона“ : Државната поддршка преку ковид мерките за бизнисот и граѓаните дава резултати

НАЈНОВО

Трајановски најавува целосна дигитализација и транспарентност во Општина Аеродром

October 25, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk