ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почна откупот на вишокот тутун, министерот очекува до крајот на следната недела да заврши преземањето

March 17, 2021 13:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во повеќе региони во земјава – во Долнени, Прилепско, Крушево и Радовишко почна откупот на вишокот тутун проценет на околу 1.500 тони. Отворени се 14 пукта, а до понеделник, според најавите, ќе се отворат и повеќе за да се преземат сите количества.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, кој денеска беше во посета на Прилепскиот тутунски комбинат, до 31 март нема да има неоткупен тутун.

-Денеска почнуваме со откупот на вишокот тутун откако се направија измените во Законот со тоа што се помести рокот за откуп до 31 март. Овде сме, во Тутунскиот комбинат во Прилеп каде државата е со мнозински капитал. Се обидуваме да најдеме најдобро решение, без да ја нарушиме финансиската стабилност на Комбинатот. Денеска се договоривме со директорот на Тутунскиот комбинат и во комуникација со другите компании дека ќе се отворат пунктови на одредени места каде е пријавено дека има вишок тутун и очекуваме до крајот на следната недела да заврши преземањето на вишокот тутун, изјави Хоџа.

Тој не сакаше да навлегува во детали која компанија колку ќе откупи, но нагласи дека поголемите количества ќе ги преземе Прилепскиот тутунски комбинат.

– Оставивме простор да видиме какви мерки ќе преземе Владата во финансискиот дел, но уште еднаш велам дека нема да дозволиме да се влоши финансикиот биланс на Тутунскиот комбинат. Значи сѐ ќе преземеме како држава, а Тутунскиот комбинат е механизмот за тоа да се реализира, рече Хоџа.

Во однос на барањето на новите здруженија што протестираа и инсистираат количествата од новата реколта да бидат како ланските, министерот Хоџа со одговор дека токму поради протестите е сегашната ситуација. Апелира да се произведат количества тутун колку што се запишани во договорите.

-Да немаше протести, ќе немаше потреба од вакви нарушувања на целиот откупен процес. Реално гледано, ова е вишок произведен тутун, надвор од договореното. Значи, да има пласман, не е никаков проблем и компаниите би дозволиле поголемо производство од тоа што договарале. Компаниите склучуваат договори на количествата кои реално ќе ги откупат. Ако сите се придржуваат на договорите, а тоа е мојот апел до сите, нема да има проблем ниту со цената, ниту со откупот, ниту ќе има вакви ситуации. Може да се случи да се произведе помалку, но ќе се добие повисока цена. Затоа, апелирам тутунарите да се придржуваат до договорите и количествата кои се напишани од откупувачите, истакна Хоџа.

Без разлика што во тек е потпишувањето на договорите за новата реколта, ќе се разговара со сите страни за правилниот откуп и за цените.

– Сега се прават договорите. Сигурно дека ќе има измени во Правилникот за откуп на тутун, но тоа ќе биде договорено и со откупувачите и со производителите. Но, прво да се преземе овој вишок на тутун, рече Хоџа.

Претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија Менде Стомнароски се надева дека целиот випок тутун ќе биде преземен од откупувачите.

Од 14-те творени пунктови, 10 се на Тутунскиот комбинат од Прилеп, три пункта отвори компанијата „Секе“ и еден пункт фирмата „Кавекс-Неготино“. Поголемиот дел пунктови се отворени во Долнени, Крушево и во Радовиш. Ќе се откупува според правилата и мерилата за откуп на тутун.

Игор Мирчески, координатор на четири нови тутунски здруженија бара да се информираат сите тутунари кои имаат вишок тутун и самоиницијативно нуди список на тутунари кои пријавуваат количества за откуп.

– Во 12 работни дена треба да се откупат околу 1 500 тони тутун. На наша иницијатива составивме список на тутунопроиводители, околу 180 кои имаат вишок тутутн. Најбрзо треба да се реши проблемот со амбалажата. Ние протестиравме, ама откупот течеше непречено, а сега апелираме да се забрзаат постапките, рече Мирчески.

извор: МИА

Next Post

КОВИД го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните, државната поддршка дава резултат

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk