Владата на Република Северна Македонија стори сè што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена затоа сега се работи за неколку недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ, како и со регионалната канцеларија да се стори сè што е возможно да се забрза процесот, истакна Клуге вечерва во интервју за телевизија Телма.
Министерката за култура Ирена Стефоска денеска одржа онлајн работен состанок со директорите на центрите за култура, на кој стана збор за активностите на овие институции од областа на културата, но и за инвестициите кои, со поддршка од Министерството за култура ќе се реализираат до крајот на годинава.
Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на 54 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ од страна на Владата на Северна Македонија за потребите врзани со модернизацијата на македонската Армија во согласност со стандардите на НАТО, информира Министерството за одбрана.
По првичните тешкотии во производството на вакцини против Ковид-19, процесот сега се забрзува и сè уште е можно да се исполни целта за вакцинирање на 70 отсто од возрасната популација во ЕУ до крајот на летото, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.