Со скрининг по случаен избор стигнавме до бројка од 31 процент луѓе со имунитет кон Ковид-19, што не е ниту добра, ниту лоша. Тоа покажува колку луѓе во изминатиот период се сретнале со вирусот, го поминале и сега имаат имунитет“, вели Александар Петличковски, кој е директор на Институтот за имунобиологија. Петличковски во 24 анализа изјави дека со оваа стапка на нови инфекции, брзо ќе се пополни таа бројка од 70 проценти за колективен имунитет,
„Сепак поентата е дека помладите од 30 години се со повисока стапка на помината инфекција, односно 39 проценти, што би било важно за насочување на таргет групите и популации за вакцинирање“, потенцира Петличковски.
Петличковски зборуваше и за нус појавите од вакцините.
„Нус појави има во сите вакцини, но тие што се 1 на милион, па и на 10 милиони, мора да ги споредуваме на 3 случаји на 100 кои умираат од корона кај нас. Станува збор на неспоредливи бројки кои се апсолутно во корист на вакцините.“ – рече Петличковски.
Тој кажа дека дека нема простор за паника, но проверките се неизбежни. Воведувањето на вакцините е поврзано со вакви приказни, но по сериозни разгледувања на случајите и испитувања, се продолжува со нивната примена, зошто доказ за штетност не е откриен.