Зошто Христијан Мицкоски ниту збор не искоментира за приведувањето и за притворот на Орце Камчев? Зошто ниту збор не кажаа ниту Антонијо Милошоски, Александар Николоски и сите други од раководството на ВМРО-ДПМНЕ?
Нема никаков коментар ниту на ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ. А за „путерот“ веќе имаат две соопштенија.
За притворот на Орце Камчев коментар нема ниту Димитар Апасиев. Иако тој секојдневно коментира за сè – ништо не прескокнува.
Молчат и сите други партии коишто јавно или тајно се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Молчат и многу т.н. „неутралци“.
Единствено неколку новинари и аналитичари „храбро“ застанаа во одбрана на Орце Камчев.
Миленко Неделковски, Александар Пандов, Бранко Героски.
Миленко и Пандов уште објавиле заеднички фотографии со Камчев. А на една од тие фотографии Орце Камчев е фатен за вмровско знаме на коешто пишува „Слобода или смрт“.
Во одбрана на Камчев застана, се разбира, и адвокатот Тони Менкиновски, којшто е претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и личен пријател на в.д. лидерот Христијан Мицкоски.
Ви текнува ли на оние аудио-снимки од јуни минатата година во коишто Мицкоски го информира Кичеец дека се среќавал со Орце Камчев?
Фејсбук објава од Ацо Лукароски





