Граѓанските организации даваат сериозен придонес во системот на бесплатна правна помош и заштитата на човековите права, правејќи ја правдата достапна за голем број на граѓани. Со дел од нив дискутиравме за тоа како можеме да го подобриме системот, порача денеска Министерот за правда Бојан Маричиќ.
– Со дел од организации – даватели на правна помош, дискутиравме за тоа како можеме да го подобриме системот за бесплатна правна помош и конкурсот за финансирање на здруженијата и правните клиники. Бесплатната правна помош е можност за граѓаните, доколку ги исполнуваат условите, да им бидат подмирени трошоците кои би ги имале при судските постапки, објави на својот Фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.