ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Воведување на вештачката интелигенција во средните училишта со поддршка на Бреинстер

July 18, 2025 15:48
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде воведена во средното образование и ќе се применува за различни теми по сите предмети и во слободните училишни активности. Ќе им биде корисна на учениците да размислуваат креативно, на наставниците за да ги планираат предавањата и тестовите, како и за автоматизирање на различни административни процеси во училиштата.

За воведување на ВИ во наставата, МОН и Бирото за развој на образованието ќе имаат стручна поддршка од приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација кои работат под брендот Бреинстер, со која соработката беше формализирана денеска со меморандум.

Министерката Весна Јаневска рече дека учениците веќе го користат ChatGPT и, за разлика од генерациите пред 20 години, постојано се со паметни телефони. Затоа, рече, во наставата се воведени и смарт-таблите бидејќи таблите со креда не им се привлечни.

-Со вештачката интелигенција може за една до две минути да се добијат распоред за часови и распоред на наставници, може да им ги средува сметководствените потреби, на наставниците може да им направи наставни ливчиња, ако ги има податоците за темата што се учи, може да им направи тестови, вежби… Децата може да ја користат на една платформа да вежбаат, да решаваат задачи, да одговараат прашања од одредена тема во учебникот. Се тоа ќе биде многу побрзо и ќе биде соодветно на она што се случува во светот во овој момент. Најголемата придобивка од ВИ за учениците ќе биде тоа што ќе ги натера да мислат и што ќе им овозможи она што на нашите деца им недостасува според ПИСА-тестирањето,  истакна Јаневска.

Како што рече, важно е учениците и да се заштитат при користењето на ВИ и да ги проверуваат добиените информации, да стекнат знаења и вештини и за етичка примена на вештачката интелигенција во секојдневието, за време на наставата, а понатаму и во нивните професии.

-На ова поле интензивно работиме и не чека многу работа во следниот период. На Факултетот за информатика во Штип веќе подготвуваме документ со насоки за наставниците и за учениците за примена на ВИ од септември, што ќе биде увертира на воведувањето конкретни теми во наставните програми за секое одделение. Примарниот фокус на меморандумот што денеска го потпишуваме е поддршка на воведување на вештачката интелигенција во средните училишта. Но, Бреинстер ќе помогне и во интегрирање на претприемништвото како област и тема во наставните програми во средното образование, додаде Јаневска.

Посочи и дека во Регионалниот центар за средно стручно образование во Битола се воведува насока за вештачка интелигенција во четири години и дека веќе се изготвуваат плановите и програмите со странски експерти.

Основачот на Бреинстер групацијата, Петар Ниновски, на прес-конференцијата истакна дека е многу важно младите уште во средно образование да почнат да се едуцираат за оваа технолошка иновација.

Потенцираше дека за нив ова е значаен ден бидејќи се формализира соработката со МОН и се прави „голем чекор напред кон системски пристап во воведување на вештини поврзани со познавањето на вештачката интелигенција во средното образование“.

-Веруваме дека заеднички можеме да изградиме образовен систем што не само што ги следи светските трендови, туку и активно учествува во нивното дефинирање. Среќни сме што државата го препозна потенцијалот кој го поседуваме и особено сме благодарни на министерката Јаневска за покажаното лидерство и визија. Младите заслужуваат квалитетна подготовка за да може да создаваат подобра иднина за Македонија. Чест ни е што сме дел од овој процес на трансформација на општеството, рече Ниновски.

Next Post

Во рамки на МВР формирана специјализирана единица за сајбер безбедност

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk