ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи – Гонзалес Лаја: Стартот на преговорите за членство во ЕУ е важен како за С Македонија, така и за регионот

March 18, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европските интеграции на Република Северна Македонија, како и последните случување од регионален аспект, беа главна тема на денешната средба во Мадрид на шефот на дипломатијата Бујар Османи и шпанската министерка за надворешни работи, Европска Унија и за соработка Аранча Гонзалес Лаја.

– Убаво е да се биде во Мадрид токму на годишнината од ратификацијата во шпанскиот Сенат на протоколот за нашето членство во НАТО,  и тоа во далеку построги, потешки и навистина – едвај изводливи мерки на ограничена работа. Со тоа се заокружи ратификацијата на протоколот од сите 29 земји членки, по што Република Северна Македонија стана 30-та членка на Алијансата. Дозволете да бидам нескромен: со ваквиот чин, со вонсерискиот напор што го направивте во рамките на шпанскиот Сенат, воведувајќи преседан првпат да се гласа преку видео конференција, Вашата земја секогаш ќе има посебно место за нашите граѓани и вие можете да сметате на Република Северна Македонија како не земја која ви е близок пријател, истакна Османи, пренесувајќи ги пораките на благодарност во името на Владата и на земјата.

 

Тој нагласи дека веќе следната недела, повторно ќе се сретне со Гонзалес Лаја на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, на кој прв пат Северна Македонија и Шпанија ќе бидат на заедничката маса, како полноправни членки и блиски НАТО сојузници.

– Нѐ очекуваат сериозни разговори и важни одлуки за иднината на Алијансата, за современите предизвици, и пред сѐ за процесот Рефлексија – НАТО 2030, посочи Османи.

Како што соопшти на средбата биле отворени и теми поврзани со европските интеграции на земјава, како и последните актуелности од регионален аспект.

– Нашето сојузништво во Европската Унија е исто така соочено со сериозни предизвици, каде се потребни одговорни и правилни одлуки. Една од тие е и одлуката од март минатата година, со која 27 земји-членки дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија, истакна Османи, потенцирајќи ја важноста од имплементацијата на оваа одлука, како за земјава, така и за целиот регион.

На средбата беше поздравен и напредокот во рамките на конференцијата за Иднината на Европа, при што Османи ја истакна потребата од поголемо и повидливо вклучување во оваа суштинска дебата и на земјите од Западниот Балкан.

На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји за меѓусебна соработка на дипломатските школи и едукација, што, како што се наведува во соопштението, претставува уште еден дополнителен чекор за унапредување на меѓусебната соработка.

Работната посета на Шпанија Османи ја заокружи со средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на шпанскиот Сенатот, Антонио Гутиерез Лимонес, на која фокус беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, добрососедските политики во регионот, внатрешно политичката состојба во земјата, регионалната соработка и севкупната состојба, како и за други актуелни меѓународни прашања.

Претпладнево, Османи имаше средба со Марија Аурора Мехија, директор за ЕУ и надворешно-политички советник на шпанскиот премиерот Педро Санчез, на која централна тема беше европското досие на Северна Македонија и поддршката на Мадрид за европските интеграции на земјата.

Како што соопшти МНР, Османи ги претстави последните актуелности поврзани со реформскиот напредок на земјата, со посебен акцент на преземените активности во борбата против корупцијата и организираниот криминал. На маса беа ставени и регионалните односи и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан, со посебен фокус на политиките на добрососедство.

– Покрај европското досие, соговорниците разговараа и за можностите од продлабочување на економските односи, меѓусебната поддршка во мултилатералните организации и секторската соработка меѓу двете држави, а беше дискутирано и за претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во текот на 2023 година, се наведува во соопштението.

Османи за време на престојот на Шпанија се сретна и со генералниот секретар на Светската туристичка организација, Зураб Пололикашвили, со кого разговараше за последиците од Ковид пандемијата врз туризмот, како и проекциите за условите и динамика за нормализацијата во овој сектор.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk