Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година.
Максим Де Кујпер го отвори резултатот во 28. минута и им донесе водство на гостите, додека Македонија успеа да израмни преку Езџан Алиоски по асистенција на Дарко Чурлинов во 87. минута.
Македонија покажа одлична игра, во текот на мечот имаше неколку шанси за гол, погоди две стативи, им беше поништен гол со ВАР, а имаше и ситуација при која многумина сметаа дека не е досуден пенал за „црвено-жолтите“.
Македонските фудбалери продолжуваат со своите настапи во понеделник, кога во Астана ќе се соочат со Казахстан.