ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Точно знаеме како ќе тече процесот на имунизација, имаме подготвен систем вакцинацијата непречено да се одвива

March 19, 2021 07:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во 24 Анализа, истакна дека за сите лекови и вакцини како и за вакцините против Ковид 19, се води сметка дали се соодветно испитани, имаат соодветни сертификати за квалитет и дали се потврдени од регулативните тела за конторла на лекови.

-Секогаш водиме грижа, не само за овие вакцини, туку за сите лекови и вакцини, прво да се соодветно испитани. Да ги имаат соодветните сертификати за квалитет, кои се издаваат од страна на производителот, секако потврдени од регулаторните тела европската и американската агенција и секако водиме сметка посебно за оваа вакцина на тоа на што укажуваат националните агенции на овие земји во ЕУ кои привремено го прекинаа вакцинирањето. Се сублимираат сите сознанија публикации од сите оние кои се занимаваат со оваа работа – рече Филипче.

Министерот истакна дека Европската агенција за лекови, денеска излезе со став дека вакцината Астра Зенека е безбедна и нема причинско последична врска со случаите поради кои во некои земји во ЕУ привремено беше прекината вакцинацијата со оваа вакцина. Што се однесува до испораката на вакцините, министерот истакна дека датумите ги зема со резерва но тоа не е поради наши пропусти туку од причина што и самите производители се под голем притисок и навремено не може да испорачаат вакцини.

-Имаме датуми но сега ги земаме со резерва. Имаме еден тајмлајн и внимателни сме како го споделуваме. Тоа не е поради некои наши пропусти во процесот, кој го почнавме уште минатата година. Во есенските месеци почнавме со подготовка на системот, кога аплициравме во Ковакс, кога ги направивме првите чекори, еве и регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге вчера го потврди тоа. Но, се случи произведувачите практично да не може да испорачаат. Се случи да се одложат двата механизми во коишто голем број на земји веруваа, дека преку нив може порано да стигнат до вакцините – рече Филипче.

Според најавите од Ковакс механизмот, министерот рече дека две пратки на вакцини од Астра Зенека треба да стигнат на 31 март и 15 април, но укажа дека може да има и каснење, истото го потенцираше и за кинеските вакцини кои исто според најавите на производителот се очекуваат да стигнат на крајот од месецот.

– Она што е важно е дека навремено пристапивме, навремено ги почнавме комуникациите и сега практично секојдневно комуницираме. Колкав е капацитетот на производителите и на овие колективни механизми така ние ќе ги добиеме и тие вакцини. Важно е дека системот е спремен, точно знаеме како ќе се спроведува вакцинацијата и сега вакцинацијата со здравствените работници тече без никаков застој што ни укажува дека ситемот е навистина подготвен – рече Филипче.

Next Post

Да се донесат законите за антикризните мерки, има време за политика

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk