Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, го коментираше поразот од Динамо Загреб (0:3) во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа. Фудбалерот ја критикуваше играта на неговиот тим и ја оцени како срамна.
– Ќе кажам само срамота. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни за неуспехот. Екипата едноставно рефлектира што се случува во клубот. Начинот на кој играме не е доволен. Имавме добри моменти во минатото, бидејќи го почувствувавме единството на тимот. Не сум сигурен дали е сега така, изјави Лорис за „Goal“.
Фудбалерите на хрватскиот првак Динамо Загреб направија неверојатен пресврт, надоместувајќи ја негативата од два гола од лондонската пресметка со Тотенхем, и со хет-трикот на Мислав Оршиќ обезбедија пласман во четвртфиналето во Лига Европа.
Македонските репрезентативци во редовите на хрватскиот тим, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, беа во почетниот состав и дадоа свој придонес во големиот триумф над тимот предводен од Жозе Мурињо.
Динамо до триумфот од 3:0 стигна по 120 минути игра, благодарение пред сè на тројниот стрелец Оршиќ (62, 83 и 106 минута).
Ристовски ги одигра целиот натпревар, додека Адеми беше заменет во 118 минута.
Противникот во четвртфиналето во Лига Европа, фудбалерите на Динамо ќе го дознаат на утрешната жрепка во Нион.