ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

June 22, 2025 13:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Концерт насловен „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ ќе се одржи вечер во во рамки на фестивалот Скопско лето.

На сцената ќе настапат Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов. Диригент на концертот е Иван Еминовиќ.

-ШЛАГ ШЛАГЕРИ е топол осврт кон фестивалскиот феномен во регионот и градската култура како урбано културно наследство кое континуирано ги обединува генерациите од регионот. Преку презентација на легендарни мелодии од поранешна Југославија настанот симулира патување низ времето и различните трендови на култура низ декадите, соопшти Српскиот културно информативен центар.

Во соопштението се нагласува дека концертот поттикнува зачувување на градското културно творештво преку платформа на вмрежувања помеѓу млади и искусни уметници, класичари и џезери, како и уметници во пензија  кои ја унапредија музичката историја. Се додава дека преку ваква дисперзија на изведувачки капацитет и промоција на заедничките вредности, се постигнува целта – повторување, афирмирање и пренесување (на новите генерации) безвременски хитови кои го обединуваат регионот.

Настанот, како што се наведува во соопштението претставува и обележување на значаен јубилеј – 20 години извонредна активност и делување на на Српскиот културно информативен центар Спона од Скопје.

-Српскиот културно информативен центар СПОНА со седиште во Скопје е граѓанско здружение формирано како самостојна невладина, непартиска асоцијација, со цел остварување и усогласување на интересите на припадниците на српска етничка заедница, дејствувајќи  на територија на Република Македонија. Фокусот на центарот е придонес во остварувањето на пошироки општествени интереси преку задоволување на потребите најнапред од сферите на еманципација и афирмација на културното наследство, човековите и граѓанските права, но и како мост за поврзување со македонскиот народ и другите етнички заедници во Република Македонија. Во континуитет центарот СПОНА веќе 20 години активно работи и делува со доследност кон своите цели преку бројни реализирани книжевни работилници, панели, семинари, културни катчиња, изложби, рецитали, сесии, курсеви, претстави, фестивали, образовни работилници, издавање на списанија, брошури, книги,  видео и аудио записи и др, се вели во соопштението.

Уметничкиот центар Полифонија од Скопје, пак, е организација која од 2003 година до денес функционира и делува во сферите на културните и уметничките случувања, заземајки значајна улога во остварување на бројни видови на проекти поддржани од Министерството за култура и во соработка со скоро сите Национални установи од областа на културата во нашата држава.

-Организирајки оригинални и невообичаени проекти во соработка со меѓународни институции како Гете-институт, Нишвил Џез Фестивал, Канадската Амбасада во Белград, Универзитите на Грац, Сплит и Калгари, Металворк од Торонто и реномирани фестивали во Италија и други, Полифонија се јавува и како главен носител и ко-организатор на културни манифестации во државата и презентација на Македонските уметници надвор, се додава во соопштението.

Специјален гостин од Србија е бардот, оперски пеач и универзитетски професор, Оливер Њего кој е роден во Скопје, каде ја има поминато својата младост и завршено дел од образованието.

На програмата се планирани 20 безвременски песни со оркестарски аранжмани, а меѓу нив се: Ѓорѓе Марјановиќ  – Девојко мала и Ко некад у 8, Јадранка Стојаковиќ – Што те нема, Арсен Дедиќ – Девојка из мога краја, Сенка Велетаниќ – Златни дан, Драган Стојниќ – Била је тако лепа, Здравко Чолиќ – Април у Београду, Оливер Мандиќ – Љуљај ме нежно, Ѓорѓе Балашевиќ – Рингишпил, како и дел од македонските шлагери: Зафир Хаџиманов – Како Вардар, Драган Мијалковски – Кажи нешто драга, Маја Оџаклиевска – Сребрени улици.

Tags: Скопско лето
Next Post

Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk