ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Јутјуб Шортс“ – новиот ривал на ТикТок, претставен во САД

March 19, 2021 16:57
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јутјуб е најновиот технолошки гигант кој се одлучи да ја следи сензацијата околу кратките видеа на ТикТок, апликација во сопственост на кинеската компанија „Бајтденс“. Форматот за кратки видеа „Шортс“ (Shorts) пред неколку месеци беше лансиран во Индија, а од денес во бета верзија им е достапен и на американските корисници, информира Мета.мк.

„Јутјуб Шортс“ практично ги има истите фунцкии како и ТикТок – им овозможува на корисниците да сечат и спојуваат клипови и им нуди широк избор на музички дела кои ќе можат да ги искористат при создавањето на видеата. Корисниците ќе можат да вртат низ бесконечен број алгоритамски-генерирани кратки видеа, да се претплаќаат кај нивните омилени краеатори и да истражуваат специфични звуци или хаштагови. Јутјуб веќе има потпишано договори со сите поголеми издавачки куќи и продукции.

Дури и интерфејсот на „Шортс“ многу наликува на оној на ТикТок.

Сепак, „Шортс“ се разликува по неколку опции што сѐ  уште ги нема, а кои постојат на ТикТок, како што се, на пример, различните филтери за лице или снимањето на дует со други корисници.

Јутјуб вели и дека ги истражува сите опции за начинот на кој креаторите на „Шортс“ ќе можат да заработат пари. Рекламите во онаа форма во која постојат на видеата на Јутјуб, очигледно не се решение и за новите кратки видеа.

„Шортс“ нема да фунцкионира како посебна апликација, туку ќе биде вметната во апликацијата на Јутјуб.

Се очекува оваа нова функција да биде мошне успешна, поради тоа што неретко клиповите кои се објавувани на ТикТок, се исечени од подолги видеа веќе достапни на Јутјуб, па корисниците се префрлуваат од една на друга апликација за да го изгледаат целото видео. Сега со верзијата на Јутјуб, тоа ќе им биде олеснато и повеќе практично.  Јутјуб, исто така, има огромна публика- речиси два милијарди посетители месечно.

Тод Шерман, предводникот на Јутјуб за „Шортс“, вели дека со новата фунцкија ќе им се овозможи на следната генерација креатори да го најдат својот глас и да се претстават пред публиката, доколку досега им било тешко тоа да го направат на Јутјуб.

„Јутјуб претставува голема сцена. Тоа е место што е мошне интересно за многу креатори кои сакаат да најдат публика. Навистина создаваме нова сцена, која треба да им даде на оваа нова генерација мобилни креатори место кое ќе можат да го направат нивен дом“, рекол Шерман.

Претходно, свои „ТикТок верзии“ претставија и Инстаграм (Reels) и Снепчет (Spotlight). И додека Reels на Инстаграм најпрво беше лансиран само во неколку земји во светот, од неодамна оваа функција им е достапна и на македонските корисници.

Next Post

Рашковски: Правните дилеми нека ги решат институциите, за политичките ги канам Чулев и ВМРО-ДПМНЕ на дуел

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk