Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Ирена Стефоска соопшти дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање ингеренции на општините Охрид и Струга, за како што посочи, немање волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска примија делегација на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Северна Македонија предводена од претседателот на Управниот одбор, Диме Велев.
Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со Силвија Митевска, советничка на премиерот за спорт, Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт, Ленче Алексовска-Величковска, деканка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравјe, и Пулексенија Јованоска, спортистка, денеска учествуваа на настанот „Родова еднаквост во спортот”.
“Дискутабилно ми е како ЗНМ и СЕММ реагираат со соопштение и се обидуваат да регулираат пласирање на сатирични содржини, наместо конкретно да му укажат на медиумот во кој неправилно е пласирана таквата содржина. Сега тука нема да навлегувам во потребата од правилно информирање и опасноста од дезинформирање, но сатирата како израз не смее да биде изговор и опасно е да се злоупотреби моќта на сатирата како алатка за неспособноста за регулирање на другите сосема различни и реално дискутабилни информативни медиумски проблеми.” – пишува Јане Ѓорѓиоски
Комитетот на експерти на Светската здравствена организација (СЗО) за вакцини против коронавирусот денеска соопшти дека проверката на вакцината на „АстраЗенека“ покажала дека таа има „огромен потенцијал“ да спречи инфекции и да го намали бројот на жртви.