ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Врба“ на Mанчевски почнува да се емитува на HBO Go

March 19, 2021 10:14
in ДЕНЕС, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Трофејниот филм „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски постигна уште еден значаен успех – утревечер во 20.30 часот филмот ќе има премиера на најреномираната стриминг платформа за прикажување филмови Ејч-Би-О Гоу (HBO Go) на каналот Синемакс 2 (Cinemax 2). „Врба“ ќе биде емитуван повеќе пати пред публика во 18 земји во текот на 2021 и 2022.

По светската  премиера на филмскиот фестивал во Рим, каде доби петминутни овации од публиката, „Врба“ се прикажа на над 20 филмски фестивали на четири континети, освои пет награди, меѓу кои Сребрена Палма на Мостра Де Валенсија во Шпанија и награда за најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот. „Врба“ ги сруши рекордите на гледаност во кино и телевизија во Македонија, беше македонски кандидат за Оскар, влезе во 40 најдобри филмови во Европа според ЕФА и доби ласкави критики секаде каде што играше.

„Три приказни за македонско мајчинство одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски“ се вели во рецензијата на филмското списание Варајети. Скрин Интернешнал за „Врба“ вели дека е „Величествен, трогателен, длабок.“, а Холивуд Репортер го опиша како „Фасцинантен… Заслепувачки…“

„Кино Лобер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД, ги обезбеди правата за дистрибуција на „Врба“ на територијата на САД и планира да започне со дистрибуција годинава. По премиерата во Унгарија, во текот на 2021 – во зависност од развојот на ситуацијата со Ковид-19 –предвидени се кинопремиери на „Врба“ во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.

Во главните улоги настапуваат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. „Врба“ е во продукција на Банана филм, Баба филм, Пионер пикчрс во Унгарија, Тиранскиот филмски институт во Албанија, Сага филм и БНП Парибас фортис филм фајнанс во Белгија.

Манчевски се подготвува за снимање на неговиот седми долгометражен филм „Кајмак“, поддржан од Агенцијата за филм, како и од Данскиот филмски институт и Македонската Радио Телевизија. Копродуцент на филмот е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентката на филмовите „Меланхолија“ и „Антихрист“ на Ларс фон Трир и данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“.

Next Post

Заедничка трилатерална обука на специјалните сили на Северна Македонија, САД и домаќинот Грција

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk