ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: ВМРО-ДПМНЕ требаше лустрацијата да ја наречат „Пресметка“, вели Заев, минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари…

March 20, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев за словенечко „Дело”: ВМРО -ДПМНЕ лустрацијата ја претворија во алатка за справување со политичките неистомисленици, требаше да ја наречат „Пресметка”. Заев дополнува дека потоа следуваше и поништувањето на одлуките на Управниот суд, но дека веќе биле направени сериозни штети за луѓето и за нивната приватност и углед во сериозни димензии.

Заев за „Дело“: Сојузници на лагата се оние кои со дезинформациите се противници на транспарентноста и медиумската писменост. Заев нагласува дека колку повеќе општеството е поотворено и поотчетно, и колку повеќе се вложува во медиумската писменост, толку побрзо, подобро и поефикасно е справувањето со дезинформаторите.

Приведени синовите на Дилавер Бојку – убиен 2017 година, познат по нелегална проституција. Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вчера во 21 часот и 45 минути на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга, соопшти денеска МВР.

Владата фокусирана на спроведување безбеден попис, опозицијата бара да се одложи. Според надлежните, пописот е неопходен и е од највисок интерес за државата. Како што изјави Арсовски, методологијата е дефинирана според сите стандарди на ОН и на Евростат и гарантира успешност.

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари. Ваквото зголемување доаѓа како резултат на усогласувањето и порастот на просечната плата, која и покрај кризата, статистиката пресмета дека се зголемила за 8,8%, како и порастот на трошоците. Но негативниот БДП лани, не дозволува повисок раст на минималецот. А токму тоа го бараат синдикатите. Да нема работник во државата кој ќе зема плата под 16.000 денари.

Засега нема потреба од нови рестрикции, в понеделник ќе се разгледува состојбата. За учениците од прво до трето одделение дали се планира да ја следат наставата онлајн, генерално рече дека тоа не се однесува за територијата на целата држава и за сите училишта.

Јовановиќ: Да го потсетиме Милчин-а! Заев е првиот премиер што искрено се залага за политика на мир и пријателство со сите (Груевски пепел стори внатре во државата, пепел стори надвор од државата); Милчин овие работи ги знае, од кои причини “рибари по душата на Заев” јас знам, ама тоа што го знам, не е важно за никого.

Бил Гејтс: Ќе беше уште полошо ако не потрошев две милијарди долари на вакцини, на есен, сè ќе биде понормално.

(ВИДЕО) Исланд го запре воздушниот сообраќај поради вулканска ерупција

Почнува пролетта.
И. Т. З. 
Next Post

МВР - 13 прекршувања на забраната за движење, 513 санкции за неносење маска

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk