ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов за СП: Зошто на Скопје како метропола му треба брз автобуски транспорт?

March 20, 2021 12:34
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува Петре Шилегов за Слободен печат

Зошто на градот Скопје му е потребен брз градски превоз? И скопјани и сите други кои го посетуваат главниот град многу добро знаат зошто му треба. Сегашниот градски превоз е пребавен, неекономичен и недоволно безбеден. Двокатните автобуси се покажаа неадекватни за потребите на скопјани и како аерозагадувачи и зголемувачи на метежот.

На Скопје одамна му треба итен стратешки одговор на проблемот со бавниот и нееколошки градски транспорт. Нашиот стратешки одговор, по примерот на стотици успешни градови ширум светот, е брз автобуски транспорт (Bus Rapid Transport – БРТ) или популарно нареченото „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“. Со БРТ овозможуваме посебна траса за брзи автобуси, која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај.

Проектот БРТ е дел од нашата визија за Скопје како „Зелен град“, зашто значително придонесува за намалување на аерозагадувањето во главниот град, каде што е концентрирана околу една третина од популацијата на државата и секојдневно транзитираат над 100.000 лица од другите места.

Зошто стотици градови во светот се одлучуваат за БРТ?

Зошто еден развиен десетмилионски град како Џакарта, се одлучил да гради коридори за БРТ во должина над 250 километри? Зошто над 50 градови во Европа, над 40 градови во САД, 30-ина градови во Кина и други развиени светски градови како Отава, Мексико Сити, Истанбул, Ерусалим, Јоханесбург, Сиднеј и, најново, Токио имаат БРТ коридори?

Прочитајте и…  Заев: Верувам дека Словенија за време на претседавањето со ЕУ ќе му даде нов значаен импулс на процесот за проширување на Унијата

Одговорот на овие прашања е едноставен. Поради успешноста на БРТ проектите. Успешноста се мери со брзината на автобускиот превоз по засебните ленти, со пристапноста на автобуските станици на кои се врши брза наплата, со зголемената фреквентност и безбедност на автобусите практично изземени од градскиот сообраќаен метеж.

Град Скопје планира да се придружи на друштвото од успешни градови со БРТ коридори, со имплементација на две линии за брз автобуски транспорт – линијата 1 (исток-запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) од 12,81 км и 21 автобуска станица, а планираме и линија 2 (север-југ од железничката станица на булевар БиХ до бул. Борис Трајковски) во должина од 10,4 километри со 20 автобуски станици.

Што постигнуваме со проектот за брз автобуски транспорт?

Брзиот автобуски транспорт двојно го намалува времето на патување, а фреквентноста на автобусите од 3-4 минути за време на шпицот оневозможува градски гужви. Станиците на исто ниво со автобусите со рамен под овозможуваат брзо и лесно качување и слегување и целосна пристапност за патници со колички и со попреченост. Сообраќајната предност на автобусите им овозможува лесно и брзо движење низ градските сообраќајници и крстосници. Честотата, пристапноста, безбедноста, удобноста и брзината се показатели за квалитетни транспортни услуги кои ги охрабруваат граѓаните да го користат системот за јавен превоз наместо приватните возила.

Зголемениот број луѓе што користат јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните зашто брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

Накусо, БРТ значи ем побрз, поефикасен и побезбеден автобуски превоз, ем почиста средина и поквалитетен живот во Скопје.

Колку ќе чини воведувањето БРТ во Скопје?

Во договорот за заем со Европската банка за обнова и развој  (ЕБРД) се наведени трошоците за секоја категорија од двете транши за двете линии на БРТ.

Финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги за реконструкција на булеварите во градот, автобуските постојки и две депоа и административна зграда за линија 1 ќе чинат 31,2 милиони евра. Или, споредено со т.н. проект „Скопје 2014“, 5-6 милиони евра помалку од партискиот музеј со восочни фигури (околу 17 милиони евра) и „Панорамското тркало“ (19,75 милиони евра).

Набавката на нови нископодни автобуси за линија 1 кои работат на компримиран природен гас (CNG)/хибрид CNG, ќе чини 9,8 милиони евра, еден милион помалку од двете фонтани на плоштад Македонија и „Воинот на коњ“ кои заедно чинат над 10,8 милиони евра.

Набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки и интегрирање на крстосниците во Центарот за управување со сообраќај за линија 1 ќе чини околу 6,1 милиони евра или помалку од „Порта Македонија“, која чини над 6,3 милиони евра.

За линијата 2 финансирањето на градежни работи, стоки и проектантски услуги ќе чини 11,1 милиони евра или 6,5 милиони евра помалку од фасадата на Владата за која Груевски потроши околу 17,7 милиони евра. Набавката на нови нископодни автобуси за линија 2 и набавката на системски компоненти во возилата и автобуските постојки ќе чинат околу 11 милиони евра или околу 3 милиони евра помалку од парите што ги потроши град Скопје за префасадирање на предниот дел од постојните згради во центарот на градот, во рамките на проектот „Скопје 2014“.

Накусо, проектот за воведување брз, ефикасен, економичен и еколошки транспорт во Скопје ќе чини околу 70 милиони евра за двете линии или речиси 10 пати помалку од т.н. проект „Скопје 2014“. Со проектот за брз автобуски транспорт (БРТ) Скопје станува светска метропола и една поинаква приказна. Чекор по чекор.

Извор: Слободен печат

Next Post

Заев за словенечко „Дело“: Со зелени енергетски проекти обезбедуваме транзиција од јаглен на еколошки енергенси

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk