ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев за словенечко „Дело“: Со зелени енергетски проекти обезбедуваме транзиција од јаглен на еколошки енергенси

March 20, 2021 12:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со зелени енергетски проекти ревносно ја следиме еколошката агенда на државата, согласно Европската зелена агенда, односно ја спроведуваме праведната транзиција од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија, истакнува премиерот Заев во интервју за електронското издание на словенечкиот дневен весник „Дело“.

Претседателот на Владата за словенечката јавност го потенцира интересот на земјата за инвестиции во енергетиката за постепено преминување кон обновливите извори на зелена енергија.

-На местата каде што претходно  функционираа рудниците за јаглен и загадувачките термоцентрали сега се градат фотонапонски електрани или гасни електро-централи, како што е трансформацијата на термоцентралата „Неготино“ со проценета инвестиција од 200 до 500 милиони евра за нови 100 мегавати зелена енергија. Овие денови започнува изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, инвестиција вредна 21 милион евра. Дополнително започнува реализацијата и на нови ветерни паркови во Свети Николе, Демир Капија и во Дебрца, вели Заев за „Дело“.

Премиерот Заев одговара и на интересот на медиумот за останатите енергетски проекти.

-Влеговме во втората фаза од огромниот проект Чебрен за изградба на хидроцентрала за која се квалификуваа 9 од 10 пријавени конзорциуми или компании од Европа и Кина. Станува збор за проект вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех, нагласува Заев за „Дело“.

Во интервјуто за „Дело“ Заев говори и за изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава за кои наскоро ќе заврши и тендерската постапка за избор на приватен партнер за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас до македонските градови.

-Со изградбата на Интерконекторот со Грција, проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан, наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, отворена е можноста да влезе и азербејџанскиот гас, како и течниот гас од Америка, од Катар и од Турција. Влеговме во постапка и за прва директна државна инвестиција во гасниот терминал во Александрополис во Грција и во гасната централа исто така во Александрополис, потенцира претседателот на Владата Заев во интервјуто за електронското издание на „Дело“, и дополнува дека во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекти, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи во регионот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе исператиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

Без вода утре село Трубарево и улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Гази Баба

July 14, 2025

Уставниот суд оформил 71 нов предмет во второто тримесечје од 2025

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk