ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана, приведени две лица

March 21, 2021 15:59
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица – Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на марихуана од Република Албанија  во Република Северна Македонија во количина од околу 200 килограми. Приведени се две лица, соопшти МВР.

– По претходно преземени мерки кон  Ш.А. (23) од с.Ливада, Струга,  кој од претходно и е познат на полицијата како транспортер на дрога  и кој бил задолжен да ја презема дрогата од Р.Албанија  и потоа да ја транспортира до различни места во државата,  вчера (20.03) околу 13 часот, на патот кон село Манастирец, Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на возило „ауди а6“ со струшки регистерски ознаки, управувано од Ш.А. (23), но тој не застанал и се дал во бегство, при што оштетил три полициски возила, а било употребено и огнено оружје,  по што Ш.А.  бил фатен и лишен од слобода“, рече Ангеловски. При преглед во возилото биле пронајдени седум големи торбици во кои биле сместени 180 полиетиленски пакувања со различна форма во кои имало марихуана, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Со дополнително преземени активности во врска со овој случај, посочи Ангеловски, на бензинска пумпа на  магистралниот пат Росоман – Прилеп е лишен од слобода и Н. А. (41) од село Зајас, Кичево, кај кого е пронајден и  пиштол „Парабелиум“ 9 мм, без дозвола.

– По претходна издадена наредба за претрес во дом од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево бил извршен претрес во домот на Н.А., при што бил пронајден уште еден пиштол марка „ТТ“ со 32 куршуми калибар 7.62 мм . Приведените  во текот на денот ќе бидат предадени на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.

Тој најави дека Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

Next Post

Антонио Милошоски нè уништи, 11 години бараме правда - тврдат поранешни вработени во Здружението на возачи Кичево 

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk