„УНЕСКО и светот го чествуваат нашиот поетски џин од Небрегово, ние на светот денеска му ја даруваме „Везилка“ со гласот на Конески како уште еден придонес за глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура.
Понесен од поривот за признавањето на посебноста и на корените на македонскиот јазик, Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет.
Конески ги поврза стремежите на неговите претходници – Рацин, Мисирков, Миладиновци и многу други преродбеници од 19-тиот и 20-тиот век, кои ја прифатија светлината на просветителската мисија на светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, која тие им ја дарија на сите словенски народи во Европа“, напиша Заев на социјалните мрежи.