Актерката Даниела Штајнфелд (37) открила пред Вишото јавно обвинителство дека српскиот актер, режисер и поранешен министер Бранислав Лечиќ, е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал, пишуваат српските медиуми.
Во разговорот може да се слушне како Лечиќ вели „знаеш ли ти кој сум јас?“, „ако јас кажам да, значи е да“, а Даниела му вели дека не го почитувал нејзиното „не“.
Обвинителството потврдило дека актерката го открила идентитетот на лицето што ја силувало.
„Таа го откри идентитетот на евентуалниот сторител на делото. Понатамошните проверки се во тек и се работи на собирањето на доказите“, рекле во Вишото јавно обвинителство.
По повод обвиненијата за силувањето, се огласил и Лечиќ. Актерот рекол дека заедно работеле на еден проект, но дека ова е сериозно обвинение и дека не може површно да го коментира.
– Јас не знам ништо за тоа, морам да добијам официјална информација, па потоа ќе имам коментар. Без докази дека таа навистина го рекла тоа, не сакам да коментирам – рекол Лечиќ.