Зоран Заев со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори. Како што истакнаа од Централната изборна комисија на СДСМ изборниот ден помина во најдобар ред,без попречување и согласно прописите.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, телефонски му го честитал реизборот на Заев за претседател на СДСМ. Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ, вели Заев.
Не треба никако да дозволиме да се одложи Пописот, затоа што прво се испраќа порака за несериозност кон граѓаните и порака за неодговорост кон граѓаните. Апелирам сите да продолжат да се попишауваат, изјави премиерот Зоран Заев.
Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи. Како што информираа од Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.
Пендаровски учествуваше на редовната седница на Главниот координативен кризен штаб на која беа разгледани најновите состојби во државата предизвикани од пандемијата и беа разменети информации и мислења за актуелните мерки за спречување и ширење на вирусот Ковид-19.
Со завршни зборови на обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Трезор“, кој се однесува за злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
ФРОНТ:
СДСМ: Заев уште долго ќе владее! – пишува Сашо Орданоски
Експертите од Светската здравствена организација (СЗО), истражувајќи го изворот на ширење на коронавирусот во кинескиот град Вухан, навестуваат дека трговијата со диви животни може да биде причината за ширењето на вирусот САРС-КоВ-2.
М. Миткоска





