ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Не треба да дозволиме да се одложи пописот, сите да се попишеме и да ја завршиме оваа операција за државата

March 22, 2021 07:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не треба никако да дозволиме да се одложи Пописот, затоа што прво се испраќа порака за несериозност кон граѓаните и порака за неодговорост кон граѓаните.  Апелирам сите да продолжат да се попишауваат, спроведувајќи ги сите безбедносни протоколи и оваа операција што е почната конечно да ја завршиме за државата, изјави премиерот Зоран Заев.

-Верувам дека  не треба никако да дозволиме да се одложи Пописот заради тоа што прво се испраќа порака за несериозност кон граѓаните, второ се испраќа пораката на неодговорност кон граѓаните. Ја користам приликата ја испратам уште еднаш моите пораки со апели сите да се попишеме заради тоа што со тоа не сме поголеми Македонци, ниту поголеми  Албанци, ниту поголеми Турци, Срби, Власи…, ако не излеземе да го оствариме своето право, но и обврска е да учествуваме во овој Попис, истакна Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес-конфернција одржана по завршување на внатрепартиските избори во СДСМ.

Ги повика сите да продолжат, со апел кон граѓаните да се попишат и секако спроведувајќи ги сите безбедосни протоколи, а,појасни, согласно Законот и правната регулатива државата ќе даде доволно флексибилен механизам за  Пописот како што е почнат со попишување на дијаспората и на одредени категории граѓани кои се по институции, така и ќе продолжи да завршиме се во овој наврат, заради тоа што имаме сите пред се и над се одговорност оваа операција конечно да ја завршиме за државата. А јас како еден од најупатените за потребата од овие податоци можам уште еднаш да потврдам дека тие подоатоци се од насушна потреба за развој, креирање на сите можни политики, економски пред се во нашата земја, рече Заев.

Потврди дека секое одложување на пописот на населението ја става државата под ризик да нема попис и следните 10 години или следните години и оти 20 години ние немаме попис и сме една од единствените земји во светот кој што нема попис и затоа треба да се спроведе.

-Никој нема да може да каже какви ќе бидат состојбите на есен, следната пролет или слично и оттука е дополнителното чувството на одговорност да се спроведе пописот. Пописот дава доволно широчина, а тоа е во рамки на деновите што се определени во согласност со законот да се пролонгира согласно мерките за заштита. И да се случи како што најавуваат, читајќи ги новинарските осврти, но и  одредени ексепрти, што ако се случи да биде заразен цел општински одбор, тогаш логично согласно деновите за изолација или за заздравување може да се одложат самите денови на попишување, истакна Заев.

Next Post

Сообраќајот во зимски услови, забрана за камиони на неколку патни правци

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk