Пратеникот од СДСМ и претседател на Општинската организација Прилеп, Миле Талевски, вели дека изворот на лажните вести во државата има име и презиме: Христијан Мицкоски.
„Уште еден во низата докази дека главниот извор на пласирање лажни вести во државата има име и презиме, а тоа е Христијан Мицкоски. Во целосен очај, со „разнишана“ лидерска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен свесно да манипулира дека Општинската организација на СДСМ-Прилеп злоупотребила простории на училиште за внатрепартискиот изборен процес.“, објави на Фејсбук, Талевски.
Тој нагласува дека од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, кој е во целосен распад, никој не нашол за сходно да го извести Мицкоски дека фотографијата на која се повикува, е направена во Домот на урбаната заедница „Тризла“, каде во една од просториите е поставена училишна табла и каде се одвиваше дел од вчерашното гласање.
„Мицкоски и апологетите на неговите лажни вести, никако да разберат дека времето кога образовните и другите државни институции беа во функција на партијата и на најбезобразен начин се злоупотребуваа во партиски цели, заврши и никогаш повеќе нема да се повтори.
Вчера, СДСМ уште еднаш потврди дека е партија на реформите, модернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси во државата.“, напиша Миле Талевски.
? Изворот на лажните вести во државата има име и презиме: Христијан Мицкоски
Уште еден во низата докази дека главниот…
Posted by Mile Talevski on Monday, March 22, 2021