ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата фрла 1,8 милиони евра за реклама и забава – народот во сиромаштија

July 17, 2025 11:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време на економска криза и недостаток на основни инвестиции, Владата планира 1,8 милиони евра за настап на ЕКСПО 2027 во Белград – од кои 50.000 евра само за музичка програма

Со тендер вреден 1,8 милиони евра, Владата ќе ја претставува државата на меѓународната изложба ЕКСПО 2027 во Белград. Најголемата поединечна ставка во јавната набавка, објавена од Генералниот секретаријат на Владата на 8 мај годинава, се однесува на музичка програма во вредност од 3 милиони денари, односно околу 50.000 евра.

Во документацијата стои:

„Претставување на културно уметничка програма кој го отсликува современиот македонски идентитет преку: Хонорар за изведувачи на сценска програма за времетраење на Експо 2027, не помалку од 10 настапи на македонски изведувачи од областа на поп, рок и електронска музика со изведба од времетраење од минимум 60 минути по настап“.

Според пресметките, еден изведувач ќе добие околу 5.000 евра за едночасовен настап.

Целокупниот тендер, кој ќе трае во наредните две и пол години, е доделен на здружението „Јавна Соба“ кое било единствен понудувач. Тендерот е доделен на 9 јули 2025-та. Во рамки на проектот се предвидени вкупно 62 различни ставки.

Меѓу нив се издвојуваат:

  • Рекламирање главно во Србија (радио, банери, веб-портали и билборди) – 3,5 милиони денари (околу 57.000 евра)
  • Кетеринг и пијалоци на македонските штандови – по 6.000 денари дневно за сите 120 дена на траење на ЕКСПО
  • Изработка на логоа – 70.000 денари
  • Сценарија и идејни решенија за промотивни спотови – 200.000 денари

Овој проект доаѓа во време кога граѓаните се соочуваат со економска несигурност, раст на цени и пад на куповната моќ, додека државата инвестира сериозни суми во маркетинг, имиџ и културни настапи, без јавна дебата или транспарентна аргументација.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја критикуваше Владата на Христијан Мицкоски за тендерот вреден 1,8 милиони евра, кој веќе е доделен за промоција на настан што ќе се случи дури во 2027 година во Белград. Според неа, се работи за скандалозен и сомнителен процес кој ја открива намерата на власта да ги користи јавните набавки за партиски цели.

– Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе се случи дури во 2027 година, станува сè поголем и посрамен, изјави Кузеска.

Таа посочи дека тендерската документација е полна со специфични услови кои отвораат сомнеж за преднаместен тендер во корист на однапред позната маркетинг агенција.

– Тендерот очигледно е уште еден механизам за Владата да си избере ‘своја’ маркетинг агенција преку која ќе се одвива и финансира претстојната изборна кампања. Дали затоа уште сега, две години пред настанот во Белград, се избира агенција и се потпишува договор?, праша Кузеска.

Според СДСМ, јавните пари се пренасочуваат за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, додека реалните приоритети на граѓаните се игнорираат.

– Дали ова е уште една шема на ВМРО-ДПМНЕ за со јавни пари да си обезбеди медиумски простор, билборди, реклами и инфраструктура за изборната кампања во октомври?, додаде Кузесka.

И претседателката на Форумот на жени при Алијансата за Албанците, Елфете Исмаили упати остри критики до Владата за, како што рече, за целосен неуспех во справување со економската криза и непостоење на социјални мерки за поддршка на најранливите.

– Владата доживеа неуспех, а граѓаните се тие што ја плаќаат цената на економската криза. Растот на цените најмногу ги погодува најранливите слоеви на општеството, а од извршната власт не се гледа ниту еден конкретен план за поддршка на граѓаните, изјави Исмаили.

Најостро реагираше на информацијата дека Владата планира да потроши 1,8 милиони евра од буџетот за ЕКСПО 2027 во Белград.

– Во ек на криза, Владата на Северна Македонија планира да потроши 1,8 милиони евра од буџетот за ЕКСПО 2027 – Белград – за логоа, столици, сместување и промоции. Ова е навреда за граѓаните што едвај преживуваат, рече Исмаили.

Таа заклучи дека граѓаните се оставени сами, додека владините политики се целосно одвоени од реалноста и секојдневните проблеми на граѓаните.

ЕКСПО 2027 е работен наслов за специјализирана изложба која ќе се одржи во 2027 година во Белград, Србија. Закажана е да започне на 15 мај 2027 година и да заврши на 15 август 2027 година. Ова ќе биде првата светска изложба што ќе се одржи во поранешна Југославија.

Дестан Јонузи

Tags: Алијанса за АлбанцитеБелградВладаЕКСПО 2027СДСМСкопје
Next Post

Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk