ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бројот на нови случаи од Ковид-19 во постојан пораст, полицискиот час се продолжува до 6 април, вакцината „АстраЗенека“ е безбедна и високоефикасна

March 23, 2021 08:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Број на новозаразени со коронавирусот и натаму е во пораст. Од 1.682 тестирања, вчера беа регистрирани 457 нови случаи или 27 отсто од тестираните. Претходно, процентот се движеше околу 24 отсто. Вчера беше регистриран и зголемен број починати во однос на претходните денови. Пријавени беа 30 починати, на возраст од 50 до 84 година. Во статистиката беа забележани и оздравени 700 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Најмногу активни има во Скопје – 7604, потоа следи Прилеп – 940, Кавадарци – 616, Охрид – 559, Куманово – 547. Во другите градови има под 500 активни случаи.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во Куманово хоспитализирани се 100 пациенти, во Прилеп 118, во ковид-центарот во Охрид има 92 пациенти, во Прилеп 118, Кавадарци 69. Во другите градови тој број е помал.

Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани се вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти. Во Скопје има 90 слободни места.

Во Општата болница во Гевгелија се исполнети до последно место расположливите капацитети за болничко лекување на пациенти заболени од Ковид-19, изјави вчера директорот на болницата, Митко Крџев кој нагласи дека поради неповолната епидемиолошка состојба веќе се размислува каде и на кое одделение би можело да се создадат услови за дополнително сместување.

Фото: МИА

Владата на вчерашната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април. Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше донесена на 10 март, а истекуваше вчера.

Во насока на справување со Ковид пандемијата, вчера амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори потпиша десет договори за грант помош во рамки на програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP) со цел подобрување на основните човекови потреби во Северна Македонија. Десетте проекти, како што соопштија од Амбасадата, имаат за цел да ја поддржат државава во справување со кризата Ковид-19, а секоја здравствена институција ќе добие различно финансирање согласно потребите.

Вкупната помош доделена во рамки на програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP) годинава достигнува над 540.000 евра, што е најголема сума што ја добила државава од почетокот на имплементирањето на програмата во 1996 година, информираат од Амбасадата.

Повеќе од 124 милиони случаи на коронавирус се пријавени низ светот од почетокот на пандемијата, при што над 2,7 милиони од заразените починале, a оздравеле 100 милиони.

Германски лекари вчера предупредија на „трет, разурнувачки бран“. Специјализираните германски здруженија на лекари за итни случаи и интензивна нега предвидуваат дека на почетокот на мај бројот на пациенти во единиците за интензивна нега за Kовид-19 може да се зголеми на 5.000 луѓе.

Ако Германија не ги заостри итно мерките, смртните случаи од Ковид-19 во државата ќе бидат многу, велат германските медицински лица.

Вчера резултатите од големото американско клиничко испитување на вакцината „АстраЗенека“ покажа дека таа е безбедна и високо ефикасна.

Во истражувањето учествувале над 32.000 испитаници, претежно од САД, но некои од нив биле и од Чиле и од Перу.

Во Србија не е забележан случај на анафилактичен шок. Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека од околу 2.2 милиона вакцини против коронавирусот аплицирани во државата, досега не е забележан случај на анафилактичен шок.

Во Албанија вчера попладнето пристигнаа првите 10.000 дози од руската вакцина „Спутник В“, донација од Обединетите Арапски Емирати.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува болеста на пратениците и ја блокира работата на Собранието, Алијанса на Албанците и Алтернатива поднесoa 32.000 амандмани, се спречува донесување важни закони за помош на граѓаните

НАЈНОВО

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

Шукова: Тешка манипулација е дека Вардариште може да се направи парк

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk