ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На инфективните оддели 1392 ковид-пациенти, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 70

March 23, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1392 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и две деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица. На Клиниката за Детски болести има 27 пациенти позитивни на Ковид-19 вирусот и 10 на ГАК .

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 74 болни, а во Куманово 124 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 94 пациенти, во Прилеп 117, во ковид – центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 62 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 11, Кавадарци 65, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има  увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Таткото на Антонио Милошоски, на мафијашки начин го презел техничкиот преглед за автомобили во Кичево, велат оштетените и ја повикуваат Рускоска да реагира

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk