ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Таткото на Антонио Милошоски, на мафијашки начин го презел техничкиот преглед за автомобили во Кичево, велат оштетените и ја повикуваат Рускоска да реагира

March 23, 2021 13:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешни вработени од Техничкиот преглед за автомобили во Кичево, со отворено писмо ја повикуваат Јавната обвинителка Рускоска да го испита нивниот случај и да покрене нова истрага за Кичевското Здружение, против таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Минатиот месец официјално се обративме до јавното обвинителството, каде ги доставивме сите документи за нашиот децениски случај. Сакаме уште еднаш да ве повикаме вас обвинителке Рускоска да го испитате целиот случај и да покренете нова истрага за Кичевското Здружение. По низа изгубени пресуди бараме јавното обвинителство да го преземе предметот кој во 2017 година го оформи Специјалното Јавно обвинителство. Очекуваме предметот да се процесира и правдата да излезе на виделина.“, стои во отвореното писмо од Спасе Србиноски-поранешен вработен во Здружението на Возачи Кичево.

Во писмото се наведува дека таткото на Антонио Милошоски, Милош, на мафијашки начин го презел техничкиот преглед за автомобили во Кичево и ги избркал сите вработен

„11 години не успеавме да го добиеме назад она што ни беше одземено незаконски. 11 години се обидуваме да докажеме дека таткото на Антонио Милошоски, Милош на мафијашки начин го презеде техничкиот преглед за автомобили во Кичево и не избрка сите вработени.

Во 2010 година Милошоски го започнува походот за нашето здружение отворајќи нова компанија за технички преглед БРЕКОН, каде татко му е еден од двајцата управители. Откако беше изменет законот за технички преглед, здруженијата за возачи имаа за опција да отворат фирма како дел од здружението или посебно. Е па во Кичево, не се чекаше туку фирмата БРЕКОН го презема здружението на возачи што во принцип е невозможно на легален начин. И не само тоа, Милош Милошоски не можеше да биде управител на здружението со завршено средно образование за машинобравар, за таа позиција потребно е да има правен или економски факултет и лиценца од МВР. И нормално и тоа не се испочитува. Еден по еден не брка сите од работа по преземањето на Здружението.

Од нас бараа да дадеме отказ и да бидеме вработени во БРЕКОН, ние одбивме. За разлика од нас екс благајникот на Здружението имаше ист случај, се жалеше во Кавадарци каде го доби судскиот спор но никогаш не беше вратен на работа. Нас пак судот во Кичево ни пресуди дека не сме во право. И тогаш прашавме и еве сега, како може два различни суда за иста работа да пресудат различно. Одговорот после аудио бомбите е јасен – замешал прсти Моќникот од Кичево.

Ние баравме да бидеме вратени на работа и поднесовме кривична пријава до Здружението и Брекон и се разбира ништо не се случи. Да имаш моќ да средиш се во твоја корист на сметка на човечки животи е навистина безобразно.

Во здружението оставивме сметка полна со половина милион евра, а беше задолжено со 300.000 евра. Прашуваме каде отидоа сите пари? Дали некој извршил проверка на работењето? Како успеа Милошоски да уништи се пред себе за да се збогати.

Се уште имаме неисплатени плати,дупка во стаж, нервози, починати луѓе како последица од стресот.Поминавме голгота по судови. Ниту една судска постапка не заврши во наша полза поради влијанието на неговиот син Антонио Милошоски. Бевме сведоци во јавноста дека тој заедно со неговиот татко правеа притисок врз судии и покажуваа моќ во Кичево долги години.Бараме надлежните институции да го испитаат целиот случај и да покренат нова истрага за Кичевското Здружение.“, се наведува во отвореното писмо потпишано од Спасе Србиноски-поранешен вработен во Здружението на Возачи Кичево.

Next Post

Започна првиот физички министерски состанок на НАТО од почеток на пандемијата

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk